Далтон Кнет кој потпиша двонасочен договор со Њујорк објасни зошто се определил на таков потег. 25-годишниот кошаркар прво ќе мора да игра во развојната лига.
„Тоа ми изгледаше како најдобра можност. Разговарав со тренерскиот штаб, ги познавам некое време и сè помина добро. Мислев дека е одлична опција за мене и среќен сум што сум тука“ – рече поентерот.
„Да играм за Вестчестер? Мислам дека ќе биде одлично. Ќе научам нов систем,. Само треба да бидам подготвен“ – рече кошаркарот кој претходно настапуваше за ЛА Лејкерс.

