Голем проблем за Голден Стејт Вориорс – нивната најголема ѕвезда Стеф Кари заработил повреда на косите стомачни мускули и ќе паузира најмалку две недели. По тој период, кошаркарот ќе мора да помине нови медицински прегледи за да се утврди кога ќе може да се врати на теренот.
Кари се повредил на гостувањето кај Хјустон Рокетс, кога уште во првата четвртина почувствувал силна болка во десната страна на стомакот и морал да го напушти натпреварот. Магнетната резонанца потврдила мускулно оштетување.
Отсуството на Кари е сериозен удар за Вориорси, кои ќе мораат да се снаоѓаат без својот најдобар стрелец во следниот период.

