Author: riste

Раководството на Барселона потврди дека играчот на нивната екипа Роналд Араухо ќе биде опериран. Дефанзивецот има проблеми со тетивата и ќе мора да оди на операција. Операцијата ќе се изврши во финска клиника во градот Турку, а на операцијата ќе бидат присутни и лекари од медицинскиот персонал на Барселона. Од клубот најавија дека по хируршката интервенција ќе соопштат детали за периодот за опоравување на Араухо. Дефанзивецот се повреди во четвртфиналната пресметка на Копа Америка меѓу Уругвај и Бразил. Најпрво се мислеше дека Араухо нема да има потреба од операција, а сега е касно дека неговото закрепнување ќе трае речиси два…

Read More

Бесмир Даци и Нахуел Франко, двата нови трансфери кои ги претставија спонзорите Егзон Таири и семејството Таири. Двајцата млади таленти доаѓаат во тимот на Беса, а 19-годишниот Даци настапуваше во косовската суперлига и доаѓа со искуство како офанзивен играч за врска и ја покажа својата способност да игра на повеќе позиции. Беше дел од екипата на ФК Дукаѓини и ФК Шкупи и сега е подготвен да придонесе за успехот на ФК Беса 1976 година. „Поздрав Нахуел Франко! Задоволство ни е што си меѓу нас “ порачаа од Беса. Нахуел Франко е по потекло од Аргентина. Нахуел, 22 години, доаѓа од…

Read More

Горан Закариќ е нов играч на ФК Вардар. По завршувањето на процедурата, веднаш ќе се приклучи на екипата во Словенија. Закариќ има 31 година, игра на позицијата крилен напаѓач, а во својата богата кариера има настапувано за екипите на Динамо Загреб, Партизан, Железничар, Широки Бријег, Зрински, Локомотива Загреб, Универзитатеа Крајова, Борац Бања Лука, Задар, Славен Белупо и Аиоликос. Има освено две шампионски со екипите на Борац Бања Лука и Зрински, како и 2 куп титули со екипите на Железничар и Партизан. Во сезоните 2017/18 и 2020/21 бил прогласуван за најдобар играч на сезоната, настапувајќи за екипите на Железничар, односно Борац…

Read More

Иако очекувавме многу поголема борба во финалето на Вимблдон, сепак Шпанецот Карлос Алкараз без премногу мака успеа да го совлада Новак Ѓоковиќ во големото финале на Вимблдон и дојде до победата со максимални 3:0, по сетови 6-2, 6-2 и 7-6/4. Српскиот тенисер многу лошо го започна натпеварот и правеше многу грешки кои ги казни Алкараз и дојде до предност од 2:0 во сетови откако со идентични 6:2 ги доби првите два сета од овој меч. Новак Ѓоковиќ го одигра добро само треттиот сет кој го загуби на тај-брејк и го загуби со 7:6 што беше доволно за Алкараз да слави во ова финале со 3:0.…

Read More

Нашата најдобра тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да го освои победничкиот пехар на собирот во Рим, Италија. Таа денеска во финалето на ИТФ фјучрсот В75  беше совладанаод Русинката, Оксана Селехметева со 2:0 во сетови. Противничката убедливо го доби првиот сет со 6:1 додека во вториот славеше во тај-брејк со 7:3. Ѓорческа во 2024 година има две финалиња откако претходно во март играше во Ларнака, Кипар. Таа на патот до финалето во Рим оствари победи против Л. Кунг (Швајцарија), К. Дину (Романија), В. Лепченко (САД) и П. Марчинко (Хрватска).

Read More

Французинот, Франсоа Лекетсие, ќе го суди денешното финале на Европското првенство меѓу Шпанија и Англија. 35-годишниот судија со знакот на УЕФА претходно беше активен на три меча на собирот во Германија. Тоа се натпреварите од групната фаза Хрватска – Албанија (2:2) и Данска – Србија (0:0). Во продолжение судеше и на 1/8 финалето на турнирот меѓу репрезентациите на Шпанија и Грузија (4:1).

Read More

Супер-компјутерот – „Опта“ го прогласи фаворитот во финалниот натпревар на ЕП 2024 во кој ќе се сретнат репрезентациите на Шпанија и Англија.  „Фуријата“ добила голем процент од 60,4 откако биле направени повеќе анализи. Финалето ќе биде одиграно доцна вечер од 21.00 на стадионот во Берлин. Судија ќе биде Французинот, Франсоа Летексиер. Според статистиката, Шпанија има 10 победи а Англија 13. Нерешено завршиле 4 натпревари. Селекцијата на Шпанија постигнала 32 гола додека Англија има 45 голови.

Read More

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа дојде до победа и забележа голем успех оваа сезона, откако во утре (недела) ќе игра ново финале на еден ИТФ фјучрс турнир. Ѓорческа своите одлични настапи во Рим ги круниса со меч за титулата, откако во денешното полуфинале по голема борба ја совлада тенисерката од Хрватска, Петра Марчинко. Ѓорческа го загуби првиот сет со 5:7, но потоа одигра одличен втор сет кој го доби со 6:2 за израмнување на 1:1 во сетови. Во треттиот решавачки сет Ѓорческа одигра одлично и на противничката и дозволи да освои само 1 гем (6:1) за Ѓорческа што значеше конечна победа и пласман…

Read More

Чешката тенисерка Бароара Крејчикова успеа да ја освои втората Грен слем титула во кариерата во поединечна конкуренција, бидејќи во големото финале на Вимблдон победи против Јасмин Паолини од Италија со 2:1, по сетови 6:2, 2:6, 6:4. Јасмина Паолини уште еднаш успеа да ги победи сите прогнози и да се пласира во финале на Грен слем турнир, откако тоа го направи на Ролан Гарос, но повторно имаше идентичен крај на својата авантура, бидејќи повторно загуби во големото финале. Пред ова финале Барбора Крејчикова беше фаворит, сепак Јасмин Паолини покажа дека може да игра против фаворитот, но сега не беше така. Барбора…

Read More

Манчестер Јунајтед ја разгледува опцијата да го земе со позајмица 21-годишниот офанзивен играч за врска на ПСЖ, Чави Симонс, објави „Мирор“. Се нагласува дека фудбалот што го демонстрира Симонс му се допаѓа на тренерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Ха . „Ми се допадна Чави Симонс во играта со Англија во полуфиналето на ЕП 2024. Неговиот нагон, страста со која постигнува голови и реагира на ситуации на теренот е на високо ниво. Дури и не е навистина холандски. Можете да го видите ова, бидејќи тренираше во странство. Речиси има јужноевропска истрајност во неговото играње“, рече Тен Хаг. Да потсетиме дека минатата сезона Симонс играше за…

Read More