Author: riste

Во седиштето на УЕФА беше реализирана и ждрепката за Лигата на Европа. Во второто по ранг натпреварување и оваа сезона конкуренцијата е навистина голема и силна. Манчестер Јунајтед, Јувентус, Рома, Севиља и уште неколку силни екипи се дел од завршницата на ЛЕ. Четвртфинални парови во Лигата на Европа:Манчестер Јунајтед – СевиљаЈувентус – СпортингБаер Леверкузен – Унион Сен ЖилоаФеенорд – Рома Полуфинални двојки:Јувентус / Спортинг – Манчестер Јунајтед / СевиљаФеенорд / Рома – Баер Леверкузен / Унион Сен Жилоа Првите натпревари во фазата на осумте најдобри се играат на 13 Април, а реваншите седум дена подоцна. Полуфиналињата се на програмата на…

Read More

Новиот селектор на Шпанија, Луис де ла Фуенте ги објави имињата на фудбалери на кои ќе смета на првиот натпревар по превземањето на селекцијата од Луис Енрике. За одбележување е дека само 11 од играчите кои беа дел од проширениот состав на Шпанија за време на Светското првенство во Катар добија повик. За разлика од претходната селекција, овојпат место во групата најдоа повеќе играчи на Реал Мадрид отколку во последните сезони. Меѓу повиканите се Дани Карвахал, Дани Себаљос и Начо Фернандез, кој не е дел од тимот од 2018 година. Сепак, тоа не важи за Марко Асенсио. Сепак, за прв…

Read More

По ждребката која беше изврешна денес во седиштето на УЕФА во Нион, познати се двојките за четвртфиналето во Лигата на шмпионите. Осум екипи го сонуваат сонот за пласман во финалето кое ќе се игра во Истанбул, а веќе е познат и патот на екипите до таму. Четвртфинални двојки во Лигата на шампионите: Реал Мадрид – ЧелзиБенфика – Интер Манчестер Сити – Баерн МинхенМилан – Наполи Полуфинални двојки:Милан / Наполи – Бенфика / ИнтерРеал Мадрид / Челзи – Манчестер Сити / Баерн Минхен Првите натпревари во четвртфиналната фаза се играат на 11 и 12 април, додека реваншите се седум дена подоцна.…

Read More

По паузата поради повреда, по неколку месеци во селекцијата на Македонија се враќа Дарко Чурлинов, фудбалерот на Барнли кој е близу до враќање во Премиер лигата.  „Навистина се радувам и среќен сум што по подолго време повторно ќе бидам дел од македонската репрезентација. Изминатите месеци поради повредата на мускулот беа тешки за мене, но сега повторно сум во натпреварувачка форма и се разбира дека тоа сакам да го пренесам на репрезентативните предизвици кои ни следуваат. “Јас ги пропуштив последните три репрезентативни собири и навистина со нетрпение го очекувам собирот за почетокот на квалификациите за ЕП 2024. Речиси секојдневно сме во…

Read More

Селекторот на Франција, Дидие Дешамп проговори за можноста напаѓачот Килијан Мбапе и играчот од средниот ред Адриен Рабио да станат нови капитени на националниот тим. „Кој ќе биде капитен? Имам неколку играчи на кои размислувам. Килијан е еден од нив. Треба да разговарам за ова со него пред да ја донесам мојата одлука. Ова е клучен момент. Да се ​​биде капитен доаѓа со важни обврски, но прво сакам да разговарам со играчот пред да донесам одлука. Може ли Адриен Рабиот да биде капитен? Има одредено искуство, добро се познаваме, може да биде лидер, но не знам дали навистина сака да…

Read More

Фудбалскиот клуб Кристал Палас одлучи да го отпушти тренерот Патрик Виеира. Ова го објави официјалниот сајт на клубот. Забележано е дека по него клубот го напуштиле и неговите помошници Осиан Робертс, Кристијан Вилсон и Саид Ајгун. „Со големо жалење ја донесуваме оваа тешка одлука. На крајот, резултатите од последните месеци не оставија во несигурна позиција во првенството и почувствувавме дека се потребни промени за да ни се даде шанса да го задржиме местото во Премиер лигата. Сепак, влијанието на Патрик откако ни се приклучи во летото 2021 година е значајно и сите негови колеги ги почитуваме. Тој го водеше тимот до полуфиналето на ФА…

Read More

Тренерот на Тотенхем, Антонио Конте изјави дека клубот сака напаѓачот Хари Кејн да ја заврши кариерата во лондонскиот тим. „Иднината на Хари? Мислам дека ова е прашање за клубот. Сигурен сум дека раководството сака да го задржи Хари Кејн до крајот на неговата кариера. Затоа што кога имате таков играч, напаѓач од светска класа како него, сакате тој да остане тука до крајот на кариерата. Од друга страна, знаете фудбалот понекогаш е непредвидлив, но јас не сум тој што треба да одлучува за ова прашање. Оваа одлука ќе остане кај клубот и самиот Хари“, изјави Конте за „Скај Спортс“. Актуелниот договор на Хари Кејн со Тотенхем е до…

Read More

Англискиот играч за врска на Евертон Деле Али, кој настапува како позајмен играч во Бешикташ, е суспендиран од учество на натпревари и тренинзи на турскиот тим со одлука на тренерот Шенол Гунеш, објавија медиумите во Турција. Според истите, Гунеш нема да го вклучи Англичанецот ниту во првиот тим на Бешикташ за ниту еден од преостанатите натпревари до крајот на сезоната. Али ќе ја следи својата екипа од трибините до летото кога треба да се врати во Евертон. За време на неговата позајмица во Бешикташ, 26-годишниот играч од средниот ред настапи на 15 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи три гола. Али на теренот мина…

Read More

Денеска ќе биде извршена ждрепката за четвртфиналните и можните полуфиналните двојќи во Лигата на шампионите. Ова ќе се одржи во седиштето на УЕФА во Нион, Швајцарија со почеток во 12:00. Извлекувањето ќе биде целосно слободно, без ограничувања за тоа кој против кого може да биде извлечен. Првите натпревари од 1/4-финалната фаза ќе се играат на 11 и 12 април, а реваншите се на 18 и 19 април. Дел до денешната ждребка ќе бидат Баерн (Минхен), Бенфика, Интер, Манчестер Сити, Милано, Челзи, Наполи и бранителот на титулата Реал Мадрид.

Read More

Тренерот на Арсенал, Микел Артета го коментираше испагањето на тимот од Лигата на Европа. Во реваншот од 1/8 финалето, Арсенал загуби од Спортинг во изведување пенали и го заврши учеството во ова натпреварување. „Беше многу тежок натпревар. Очигледно, тоа беше огромен удар. 75 минути не бевме на нашето ниво. Ја подарувавме секоја топка и немавме можност да ја преземеме контролата врз играта. Имаше шанси за победа во продолженијата. Не притискавме доволно добро, постојано ја подарувавме топката, а тоа доведе до отворен натпревар кој не сакавме да го играме. Треба само да се погледнеме себеси и да разбереме зошто не бевме доволно добри за да продолжиме понатаму. Честитки за Спортинг…

Read More