Author: riste

Купот на Азија во фудбал, кој требаше да се одржи во Саудиска Арабија на почетокот од 2027 година, е одложен поради нестабилната безбедносна ситуација во регионот. Азиската фудбалска конфедерација потврди дека турнирот ќе се игра од 23 декември 2027 до 21 јануари 2028 година, наместо во првично планираниот термин од 7 јануари до 5 февруари 2027 година. Одлуката е донесена поради безбедносните ризици, но и значителните логистички проблеми и ограничувањата во патувањата. Организаторите соопштија дека одложувањето е неопходно поради вонредните околности и актуелната нестабилност на Блискиот Исток. Саудиска Арабија останува домаќин на континенталниот шампионат, кој за првпат ќе се одржи…

Read More

Удинезе експресно го назначи Паоло Занети за нов шеф на стручниот штаб, само неколку часа по отказот на досегашниот тренер Коста Руњаиќ. 43-годишниот италијански стратег потпиша договор со клубот до 30 јуни 2027 година. Занети беше без ангажман од февруари, кога доби отказ во Верона. Новиот тренер го презема Удинезе во сериозна резултатска криза. Тимот има само пет бода по десет одиграни кола и е без победа на последните осум натпревари. Тешкиот домашен пораз од Рома со 2:5 беше последниот удар за Руњаиќ. Занети веднаш го очекува важен предизвик, бидејќи во петок Удинезе гостува кај Венеција, во директна битка за…

Read More

Вардар славеше победа од 31:23 (15:12) во првото вечно дерби сезонава, откако го совлада големиот ривал Еурофарм Пелистер во рамките на македонската ракометна Суперлига. „Црвено-црните“ ја потврдија одличната форма и продолжија со успешните настапи во домашното првенство. За Вардар ова беше особено важен триумф, не само поради престижот, туку и поради бодовите во трката за шампионската титула. Скопскиот тим влезе во дербито како лидер на табелата, со максимален учинок во досегашниот дел од сезоната, сега веќе има 9 победи од 9 одиграни натпревари. Еурофарм Пелистер, пак, сакаше да му го нанесе првиот пораз на големиот ривал, но не успеа во…

Read More

Селекторот на ракометната репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров, го најави почетокот на квалификациите за Европското првенство во 2028 година, каде прв противник ќе биде селекцијата на Луксембург. Лазаров е убеден дека неговите избраници имаат големо искуство и очекува Македонија да ја оправда фаворитската улога на првиот натпревар на домашен терен. „Мислам дека веќе имаме големо искуство зад себе. Очекувам да бидеме на висина на задачата, но ќе барам внимателност од момчињата, затоа што Луксембург не е наивна екипа, а од неодамна има и селектор со огромно искуство. Немаме многу видео-материјали од играта на противинкот, но знаеме дека поседува квалитет и…

Read More

Македонската ракометна репрезентација ги започна подготовките за квалификациите кои ги започнува за ЕП 2028 година, а Дмитро Хориха веќе е дел од нашата ракометна репрезентација и денес првпат ја облече опремата на нашиот национален тим. Ракометарот на Сегед беше еден од присутните на денешниот собир на македонската ракометна селекција пред стартот на евро-квалификациите. Хориха не криеше дека со големо задоволство ќе игра за Македонија на големите натпреварувања. „Прв повик за селекцијата на Македонија. Ова е голема одговорност. Сакам да покажам колку сум спремен и да му помогнам на овој тим. Немаме многу време за подготовки, но јас ќе го дадам…

Read More

Арсенал е блиску до договор за продолжување на соработката со Деклан Рајс, кој би требало долгорочно да остане на „Емирати“. Менаџерот Микел Артета е оптимист дека англискиот репрезентативец ќе ја продолжи кариерата во Лондон, а преговорите се очекува наскоро да бидат финализирани. Според најавите, Рајс ќе добие значително зголемување на платата, која би можела да достигне 350.000 фунти неделно. Со тоа би се изедначил со Букајо Сака како најплатен фудбалер во тимот. „Моето чувство е дека тој е многу среќен тука. Покажува желба долгорочно да остане дел од клубот. Прашање е на време кога ќе ја решиме ситуацијата“, изјави Артета.…

Read More

Марк Маркез триумфираше на Големата награда на Малезија во Мото ГП и е на чекор до нова светска круна. Шпанецот на Дукати ја заврши трката во Сепанг со време од 40 минути, 14 секунди и 236 илјадинки. Второто место го освои Педро Акоста од КТМ, со заостанување од 4,172 секунди, додека трет беше Алекс Маркез. За Марк Маркез ова беше седма победа сезонава и 80-та во кариерата во Мото ГП. Со новите 25 бодови, Шпанецот има вкупно 399, односно 44 повеќе од Хорхе Мартин, кој го пропушти викендот поради повреда. Маркез веќе на следната трка, Големата награда на Катар, може…

Read More

Женската репрезентација на Македонија до 17 години ги заврши квалификациите за Европското првенство со реми од 3:3 против Велс, резултат што ѝ го донесе второто место во Б4 групата од Б-лигата. Избраничките на селекторката Катерина Милеска одиграа возбудлив натпревар со Велшанките, во кој дури шест пати се тресеа мрежите. Македонија поведе во четвртата минута со автоголот на Кејти Вајтвеј, но Велс направи пресврт преку Маја Халкроу во 22. и Маја Касвел во 27. минута. Во второто полувреме Емилија Ивковиќ со погодок во 51. минута донесе израмнување, но Касвел повторно ја затресе македонската мрежа шест минути подоцна за водство на Велс…

Read More

Хари Кејн признава дека сè уште се обидува да ги обработи емоциите по триумфот во гласањето за „Златната топка“. Напаѓачот на Баерн Минхен и англиската репрезентација вели дека е тешко целосно да се разбере значењето на едно толку големо признание додека сè уште активно се настапува на највисоко ниво. „Мислам дека сè уште не сум целосно свесен што ми се случи. Сè уште се обидувам да го прифатам и разберам тоа. Искрено, многу е тешко целосно да се процени значењето на ваква важна награда, особено кога сè уште си активен фудбалер“, изјави Кејн за „Франс Фудбал“. Англичанецот додава дека вистинската…

Read More

Манчестер Јунајтед продолжува да бара нов играч од средниот ред и покрај нивните летни засилувања. Како резултат на тоа, „Црвените ѓаволи“ изразија интерес за Фермин Лопез од Барселона и Пабло Бариос од Атлетико Мадрид , објави „Метро“. Според оваа информација, во моментов нема преговори меѓу клубовите. Се очекува Барселона и Атлетико да се воздржат од продажба на своите играчи, принудувајќи ги „Црвените ѓаволи“ да бараат алтернативи. Оваа сезона, Лопез одигра 12 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи пет гола и четири асистенции. Бариос одигра 10 натпревари, постигнувајќи еден гол и една асистенција.

Read More