Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Хориха: Од прв ден сакав да играм за Македонија, ја учам и химната!
    Ракомет

    Хориха: Од прв ден сакав да играм за Македонија, ја учам и химната!

    risteBy riste01/11/2026No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Македонската ракометна репрезентација ги започна подготовките за квалификациите кои ги започнува за ЕП 2028 година, а Дмитро Хориха веќе е дел од нашата ракометна репрезентација и денес првпат ја облече опремата на нашиот национален тим. Ракометарот на Сегед беше еден од присутните на денешниот собир на македонската ракометна селекција пред стартот на евро-квалификациите.

    Хориха не криеше дека со големо задоволство ќе игра за Македонија на големите натпреварувања.

    „Прв повик за селекцијата на Македонија. Ова е голема одговорност. Сакам да покажам колку сум спремен и да му помогнам на овој тим. Немаме многу време за подготовки, но јас ќе го дадам својот максимум на секој натпревар. 

    Голема благодарност за сите македонски навивачи. Вардар е причината што јас ќе заиграм за Македонија, поддршката од македонските фанови ја забележувам и сега. Сакам да играм за Македонија и ќе доаѓам секогаш кога ќе бидам повикан. Знам дека ќе чувствувам притисок, но ќе се справам со него. Има огромна разлика од ракометот и атмосферата во Македонија отколку во Украина“, рече новиот бек на Македонија, кој на крај откри дека ја учи македонската химна.

    Репрезентацијата утре ќе се комплетира откако ќе им се приклучат играчите кои доаѓаат од Еурофарм Пелистер и Вардар, а потоа ќе се подготвуваат за натпреварите со Луксембург и Грција. 

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Јака Малус на крајот на сезоната заминува од Вардар?

    15/11/2026

    Во меч со пресврти: Вардар славеше на дербито со Алкалоид

    14/11/2026

    Валах останува во Вардар до 2028 година

    13/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.