Author: riste

Шкотска ја пречекува Македонија во обид да ја продолжи трката за второто место во групата, кое носи бараж за пласман во повисок ранг. Домашната селекција по четири кола има четири бода, со една победа, едно реми и два порази. Селекторот Себастијан Покоњоли, кој го наследи Стив Кларк по Светското првенство, сè уште ја бара вистинската формула. Шкотите во претходното коло загубија од Словенија со 2:1, па дуелот со Македонија е особено важен за враќање на самодовербата. Македонија, од друга страна, се наоѓа во исклучително тешка ситуација. По четири натпревари има исто толку порази, без постигнат гол и со десет примени…

Read More

Актуелниот вицешампион во македонската кошаркарска лига, КК Скопје, ја прекина соработката со Мирко Петрески и за нов тренер го назначи искусниот Александар Петровиќ. Петровиќ се враќа во тренерските води по заминувањето од Гостивар во февруари годинава. Во својата кариера ја предводеше и екипата на МЗТ Скопје, со која стигна до шампионската титула, а работеше и во Пелистер, Академија ФМП, Куманово и Карпош Соколи. Новиот тренер го презема КК Скопје во незавидна ситуација. По шест одиграни кола, тимот има само една победа и се наоѓа на дното на табелата. Петровиќ денеска ќе го одржи првиот тренинг, а дебито на клупата ќе…

Read More

Нова остра реакција во македонската кошарка. Поранешниот претседател на Кошаркарската федерација на Македонија, Даниел Димевски, јавно одговори на барањето на Управниот одбор на КФМ за негова оставка од функцијата претседател на Македонскиот олимписки комитет. Во писменото обраќање Димевски упати серија критики кон актуелното раководство, оценувајќи дека состојбите во македонската кошарка се загрижувачки. „Општа констатација е дека ова е најнеспособното раководство што некогаш го имала КФМ“, наведува Димевски. Особено остри се неговите забелешки за односот кон кошаркарските клубови, за кои тврди дека наместо поддршка, добиваат дополнителни финансиски оптоварувања. „Клубовите имаат третман како банкомат на федерацијата, а би требало да е сосема…

Read More

Почна продажбата на билетите за големото градско ракометно дерби меѓу Вардар и Алкалоид, кое ќе се одигра в сабота, 14 ноември, со почеток во 18:30 часот, во Т-Арената во СЦ „Борис Трајковски“. Цената на билетот е 300 денари, а влезниците се достапни преку платформата VTICKETS. Седиштата нема да бидат нумерирани, па гледачите ќе можат да изберат блок во кој ќе го следат натпреварот. Навивачите на Вардар, „Комити“, ќе бидат сместени во блокот 1, додека за гостинските навивачи е наменет блокот 15. Централните блокови 3 и 13 ќе бидат резервирани за сопствениците на сезонски билети. Влезот во салата ќе биде преку…

Read More

Фенербахче официјално ја потврди разделбата со холандската клупска легенда Дирк Кајт, кој досега беше дел од тренерскиот штаб на истанбулскиот клуб. Кајт привремено ја презеде функцијата главен тренер по заминувањето на Исмаил Картал и го водеше тимот на натпреварите против Гезтепе и Ливерпул. Откако Емре Белозоглу беше именуван за нов тренер, иднината на Кајт остана неизвесна, а клубот сега и официјално потврди дека нивните патишта се разделуваат. Фенербахче му се заблагодари за посветеноста и придонесот, нагласувајќи дека секогаш ќе има посебно место во клупското семејство. Кајт претходно настапуваше за турскиот клуб како фудбалер, освојувајќи ја шампионската титула во 2014 година.

Read More

Македонската фудбалска репрезентација денеска го одржа собирот пред последните два натпревари од групната фаза во Лигата на нации, во кои избраниците на Гоце Седлоски ќе се соочат со Шкотска и Словенија. На списокот на селекторот има неколку промени, а најголемо внимание привлекува премиерниот повик за Марко Ѓорѓиевски, кој добива можност за првпат да го облече дресот на сениорската репрезентација. За очекувањата од престојниот двомеч, пред новинарите зборуваше еден од најдобрите фудбалери во нашето првенство, Христијан Малески. „Се надеваме дека ќе влеземе добро и ќе оствариме позитивни резултати. Не знам дали ќе има новитети, тоа е работа на тренерот, но важно…

Read More

Џенаро Гатузо е избран за најдобар тренер во Серија А за месец октомври, откако со Лацио направи извонреден резултатски исчекор и го искачи тимот на првото место на табелата. Римјаните во октомври забележаа четири победи во првенството: против Монца со 3:1, Јувентус со 3:0, Парма со 2:1 и Сасуоло со убедливи 6:2. Вкупно, Лацио има шест последователни победи во Серија А и по десет одиграни кола располага со 28 бода, што претставува клупски рекорд во оваа фаза од сезоната. Извршниот директор на Серија А, Луиџи Де Сиерво, го пофали влијанието на Гатузо, нагласувајќи дека тој изградил модерен и добро организиран…

Read More

На денешен ден, 6 ноември 1996 година, МЗТ Скопје ја оствари веројатно најголемата победа во историјата на македонската клупска кошарка. Пред точно 30 години, во старата сала „Јане Сандански“, популарната „Лименка“, скопскиот тим го совлада европскиот гигант Реал Мадрид со 69:68, во натпревар од групната фаза на ФИБА-европското клупско натпреварување, познато како Купот „Рајмундо Сапорта“. Тоа беше победа над екипа која ја предводеше легендарниот Жељко Обрадовиќ, а во чиј состав настапуваше и еден од најдобрите европски кошаркари на сите времиња – Дејан Бодирога. Кога се чинеше дека Реал Мадрид ќе се извлече од Скопје, се случи моментот кој засекогаш ќе…

Read More

Македонската репрезентација до 21 година на 12. ноември против Србија ќе одигра контолен натпревар во Нови Сад. За мечот против силната Србија на стадионот „Караѓорѓе“, селекторот на нашата репрезентација, Александар Таневски повика 24 фудбалери. Голмани: Љупче Џеков (Силекс), Даниел Диковски (Вардар), Натаниел Димовски (Пелистер); Одбрана: Златко Радевски (Тетекс), Андреј Велков (Брегалница), Давор Росиќ (Охрид), Ѓорѓе Џеков (Силекс), Лука Атанасовски (Тетекс), Адис Мурати (Башкими), Андреј Аризанковски (Шкендија), Ѓорѓе Танчев (Брера). Среден ред: Васил Тасовски (Младост Лучани, Србија), Теодор Николовски (Тиквеш), Илија Масларов (Лугано, Швајцарија), Никола Манојлов (Силекс), Мартин Ѓорѓиевски (Банска Бистрица, Словачка), Лука Трпевски (Црвена Звезда, Србија), Горјан Цветков (Скопје); Напад:…

Read More

Напаѓачот на шпанската Барселона Рафиња, го продолжи договорот со клубот до 2030 година, објави официјалната веб-страница на клубот. „Бразилецот се приклучи на Барселона за сезоната 2022/23. Оттогаш, тој одигра 190 натпревари, постигна 94 гола и освои три титули во Ла Лига (2022/23, 2024/25 и 2025/26), еден Куп на кралот (2024/25) и три Суперкупа на Шпанија (2022/23, 2024/25 и 2025/26). Покрај тоа, во натпреварот против Астон Вила, тој го изедначи бројот на настапи на Адријано Кореја, станувајќи четвртиот Бразилец во историјата на Барселона во овој поглед“, се вели во соопштението на клубот.

Read More