Напаѓачот на шпанската Барселона Рафиња, го продолжи договорот со клубот до 2030 година, објави официјалната веб-страница на клубот.

„Бразилецот се приклучи на Барселона за сезоната 2022/23. Оттогаш, тој одигра 190 натпревари, постигна 94 гола и освои три титули во Ла Лига (2022/23, 2024/25 и 2025/26), еден Куп на кралот (2024/25) и три Суперкупа на Шпанија (2022/23, 2024/25 и 2025/26). Покрај тоа, во натпреварот против Астон Вила, тој го изедначи бројот на настапи на Адријано Кореја, станувајќи четвртиот Бразилец во историјата на Барселона во овој поглед“, се вели во соопштението на клубот.

