Author: riste

Германскиот гигант Баерн (Минхен) ќе ја искористи опцијата за купување на Хамес Родригез од Реал Мадрид за сума од 42 милиони евра уште ова лето, соопштува весникот „Марка“. Колумбискиот репрезентативец премина на „Алијанц Арена” во јули како позајмен играч за две сезони од Реал Мадрид за 13 милиони евра. Напаѓачот постигна 5 гола и имаше 11 асистенции во 28 натпревари во тековната сезона, а Баерн е на само 2 бода од одбраната на титулата шест кола пред крајот на Бундеслигата. На 17 април ќе гостуваат кај Баер (Леверкузен) во полуфиналето на националниот куп. 26-годишниот Хамес Родригез има желба да остане…

Read More

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, ги повика сите играчи од првиот тим за утрешниот натпревар со Јувентус од 1/4 финалето во Лигата на шампионите. За Торино, тој го поведе и повредениот Начо Фернандез, кој речиси сигурно нема да влезе во составот за настап на оваа средба. Исто така во групата на играчи која замина за Тортино се најде и младиот трет голман на Реал Мадрид, Лука Зидан кој тешко дека би добил шанса, но е заедно со останатиот дел од тимот на ова патување во Лигата на шампионите. Европскиот шампион вечерва ќе го одржи официјалниот тренинг на теренот на…

Read More

Дефанзивниот играч на Барселона Самуел Умтити призна дека има понуди од други клубови и на тој начин продолжува да ги држи Каталонците под притисок дали ќе остане или не. Французинот се претставува одлично во дресот на Барса сака да го продолжи договорот, но засега не може да се дојде до договор, бидејќи фудбалерот сака плата која клубот смета дека е премногу висока. „Вистина е дека имам предлози од различни тимови. Ова е прашање што не можам да го избегнам, но во оваа фаза не сум започнал никакви разговори”, изјави Умтити за францускиот „Канал плус“. „Токму сега имам важни натпревари со…

Read More

Хјустон Рокетс постави нов рекорд за постигнати тројки во региларниот дел од сезоната во НБК лигата. Хјустон вчера загуби на гостувањето кај Сан Антонио и ја прекина серијата на 11 победи во серија, но затоа постигнаа нови тројки кои значеја подобрување на овој рекорд. Џејмс Харден и неговите соиграчи веќе имаат вкупно 1184 тројки во 77 натпревари во текот на сезоната, а со тоа го подобрија нивниот досегашен рекорд од 1181 тројки од минатата година. Хјустон, кој е лидер во НБА лигата, сигурно ќе го зголеми сопствениот рекорд на постигнати тројки, бидејќи имат уште пет натпревари кои треба да ги…

Read More

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола со пофални зборови за напаѓачкото трио на Ливерпул, што според Шпанецот е речиси невозможно да се сопре. Досега голгетерот на Ливерпул Мохамед Салах има 37 гола во сите натпреварувања, но Сади Мане и Роберто Фирмињо исто така се претстават на ниво и вкупно постигнале 38 погодоци. Во среда Манчестер Сити и Ливерпул, кои се двата тима со најдобар напад во Англија, играат еден против друг на „Енфилд” во прв натпревар од 1/4-финалето на Лигата на шампионите. Досега, Ливерпул е единствениот тим кој ги победил „Граѓаните” во Премиер Лигата. „Не е само Салах, тука се…

Read More

Голманот на Милан Џанлуиџи Донарума смета дека претстојното дерби против Интер во среда ќе биде еден вид плеј офф натпревар за учество во Лигата на шампионите. Дуелот беше одложен поради смртта на Давиде Астори и треба да се игра на 4-ти април. „Росонерите” се пред задолжителна победа, доколку сакаат да ги задржат шансите за топ 4, бидејќи заостануваат од Интер цели 8 бодови. „Ние сме разочарани од поразот кај Јувентус, но мислам дека бевме рамноправен противник до самиот крај. Задоволни сме од играта, но не и од резултатот, иако имавме многу можности немавме среќа. Тие победија со физика, а не со…

Read More

Познати се судиите кои ќе ја делат фудбаската правда на средбите од Лигата на шампионите во вторник. Натпреварите во вторник се играат во стандардниот термин од 20.45 часот , а ќе се сретнат Јувентус – Реал Мадрид и Севиља – Баерн Минхен. Турскиот судија  Џунејт Чакир ќе го води првиот четвртфинален меч од Лигата на шампионите меѓу Јувентус и Реал (Мадрид). 41-годишниот судија му судел осум пати на „кралскиот” клуб. Последен пат тој беше судија на мечот кој Реал Мадрид го играше со Тотенхем оваа сезона. Тогаш Реал загуби со 3:1 во Лондон. Од осум натпревари тимот на Зинедин Зидан…

Read More