Германскиот гигант Баерн (Минхен) ќе ја искористи опцијата за купување на Хамес Родригез од Реал Мадрид за сума од 42 милиони евра уште ова лето, соопштува весникот „Марка“.
Колумбискиот репрезентативец премина на „Алијанц Арена” во јули како позајмен играч за две сезони од Реал Мадрид за 13 милиони евра. Напаѓачот постигна 5 гола и имаше 11 асистенции во 28 натпревари во тековната сезона, а Баерн е на само 2 бода од одбраната на титулата шест кола пред крајот на Бундеслигата. На 17 април ќе гостуваат кај Баер (Леверкузен) во полуфиналето на националниот куп.
26-годишниот Хамес Родригез има желба да остане во Минхен, а кога клаузулата ќе биде активирана официјално, тој автоматски ќе стане во сопственост на Германците до летото 2022 година. Баварците утре гостуваат кај Севиља во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите.