Дефанзивниот играч на Барселона Самуел Умтити призна дека има понуди од други клубови и на тој начин продолжува да ги држи Каталонците под притисок дали ќе остане или не.
Французинот се претставува одлично во дресот на Барса сака да го продолжи договорот, но засега не може да се дојде до договор, бидејќи фудбалерот сака плата која клубот смета дека е премногу висока.
„Вистина е дека имам предлози од различни тимови. Ова е прашање што не можам да го избегнам, но во оваа фаза не сум започнал никакви разговори”, изјави Умтити за францускиот „Канал плус“.
„Токму сега имам важни натпревари со Барселона и добро знам дека во овој свет се случувата работите многу брзо. Сепак, јас сум горд и среќен што сум дел од овој клуб. Навистина клаузулата за раскинување на договорот не ми е многу голема (60 милиони евра), но тоа е нешто што не ме возбудува. Јас се концентрирам на она што се случува на теренот, тоа е нешто што ме прави среќен“ изјави Умтити.