Голманот на Милан Џанлуиџи Донарума смета дека претстојното дерби против Интер во среда ќе биде еден вид плеј офф натпревар за учество во Лигата на шампионите.
Дуелот беше одложен поради смртта на Давиде Астори и треба да се игра на 4-ти април. „Росонерите” се пред задолжителна победа, доколку сакаат да ги задржат шансите за топ 4, бидејќи заостануваат од Интер цели 8 бодови.
„Ние сме разочарани од поразот кај Јувентус, но мислам дека бевме рамноправен противник до самиот крај. Задоволни сме од играта, но не и од резултатот, иако имавме многу можности немавме среќа. Тие победија со физика, а не со техника. Не казнија по шансите кои ги пропуштивме, но сега треба да гледаме кон следниот натпревар, бидејќи во пракса играме еден вид плеј-офф за Лигата на шампионите против Интер. Се надевам дека ќе имаме голема поддршка на „Сан Сиро“. Ќе се потрудиме, но се надевам дека и навивачите ќе ни помогнат“, изјави Донарума, голманот на екипата на Милан.