Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, ги повика сите играчи од првиот тим за утрешниот натпревар со Јувентус од 1/4 финалето во Лигата на шампионите.
За Торино, тој го поведе и повредениот Начо Фернандез, кој речиси сигурно нема да влезе во составот за настап на оваа средба. Исто така во групата на играчи која замина за Тортино се најде и младиот трет голман на Реал Мадрид, Лука Зидан кој тешко дека би добил шанса, но е заедно со останатиот дел од тимот на ова патување во Лигата на шампионите.
Европскиот шампион вечерва ќе го одржи официјалниот тренинг на теренот на „Алијанц стадион“ во 19.00 часот.