Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола со пофални зборови за напаѓачкото трио на Ливерпул, што според Шпанецот е речиси невозможно да се сопре.
Досега голгетерот на Ливерпул Мохамед Салах има 37 гола во сите натпреварувања, но Сади Мане и Роберто Фирмињо исто така се претстават на ниво и вкупно постигнале 38 погодоци.
Во среда Манчестер Сити и Ливерпул, кои се двата тима со најдобар напад во Англија, играат еден против друг на „Енфилд” во прв натпревар од 1/4-финалето на Лигата на шампионите. Досега, Ливерпул е единствениот тим кој ги победил „Граѓаните” во Премиер Лигата.
„Не е само Салах, тука се Мане и Фирмињо. Тројцата се речиси незапирливи. Тие се фантастични. Ливерпул игра на начин што не ни одговара. Тие се толку брзи и добри. Ќе биде многу тешко. Тоа е сепак 1/4-финале во Лигата на шампионите, па ништо во оваа фаза од ова натпреварување не може да биде лесно”, изјави Пеп Гвардиола.