Фудбалерот на Виљареал Пабло Форналс ги исплаши сериозно навивачите на тимот, откако се онесвести за време на дуелот со Атлетик Билбао од Ла Лига. Тој падна на теренот во 6-та минута без да биде вклучен во дуел со некој играч, бидејќи топката беше далеку од него. Медицинскиот тим на Виљареaл веднаш му помогна, и тој успеа да го напушти теренот во нивна придружба, но немаше потреба од дополнителна лекарска помош. Од тимот соопштија дека Форналс не ја загубил свеста, одеднаш му се слошило, што довело да падне на теренот. Очекувано веднаш бил заменет и однесен во болница каде што ја…
Author: riste
Крилниот играч на Рома Џенгиз Јундер ќе биде подготвен да игра против Барселона во 1/4 финалето од Лигата на шампионите. Турскиот фудбалер го пропушти првиот натпревар кој Рома го загуби со 4:1 на „Камп Ноу“ од Барселона. Тој не играше и на дуелот со Фиорентина (0:2) во Серија „А”, како и при нерешените 1:1 со Болоња во предходното коло. Последните информации, сепак се дека санирањето на повредата на Јундер оди според планот и има сериозна шанса тој да биде на располагање на тренерот Еузебио Ди Франческо за натпреварот со каталонците на „Олимпико” во вторник. Во меѓувреме, веројатноста Диего Пероти да…
Играчот од средниот ред на Барселона, Андре Гомеш планира да го напушти каталонскиот клуб ова лето, пишува „Трибалфудбал“. Според оваа објавена информација, 24-годишниот фудбалер е интересен за Јувентус, кој може да направи понуда за играчот пред крајот на сезоната. Гомеш никогаш не бил во можност да се натпреварува со ѕвездите на тимот Андрес Иниеста, Серхио Бусккес, Паулињо, Иван Ракитиќ и Филип Кутињо кој играат во средниот ред на Барселона. Играчот претходно даде интервју во кое тој изјави за неговиот тежок процес на адаптација во Барселона. Оваа сезона португалецот играше на само 14 натпревари од Ла Лига, а притоа често влегуваше…
Тренерот на Баерн Минхен – Јуп Хајнкес, оддаде почит на својот претходник Карло Анчелоти за шампионската титула на баварците која ја потврдија вчера. Анчелоти ја започна сезоната на чело на Баерн, но во септември беше отпуштен по неубедливи игри и на негово место дојде Хајнкес кој го однесе тимот до рекордна шеста последователна титула во Бундеслигата. „Тренерот носи одговорност на долг рок, но главните ликови се фудбалерите. Тие завршија извонредна работа. Сакам да кажам големо благодарам и на Карло Анчелоти за неговиот придонес, тој е одличен тренер”, коментирал по вчерашниот меч со Аугсбург и освојувањето на титулата , Јуп Хајнкес,…
Пол Погба беше еден од најголемите херои на Манчестер Јунајтед во победа од 3:2 над Манчестер Сити. Французинот постигна два гола на овој натпревар. „Граѓаните” имаа шанса да ја освојат титулата во Премиер лигата, но Полгба постигна два гола најнапред за израмнување, а потоа неговата екипа го сврте резултатот и не му дозволи на градскиот ривал да ја слави титулата, а тоа му беше мило на Погба што не дозволи тоа да се случи. „Се разбира дека е одлично што постигнав два гола, но уште подобро е што го победивме Манчестер Сити и не дозволивме да не победат и да…
По вчерашните квалификации за трката за ГН на Бахреин се потврди дека не бил случајност одличниот викенд од првата трка во Мелбурн за тимот на Ферари. Пилотите на Ферари тоа го покажааи синоќа на квалификациите во Бахреин, каде неговите пилоти ги освоија првите две места и обезбедија стартни позиции на денешната трка. Себастијан Фетел ја освои пол-позицијата пред Кими Раиконен и Валтери Ботас од Мерцедес. Разочарувачко за Мерцедес беше четврто место освои Луис Хамилтон, кој поради казната од пет места, денес ќе мора да стартува од деветтото место. Трката за ГН на Бахреин е на програмата денес со почеток од…
Македонскиот олимписки комитет (МОК) во партнерство со општините и основните и средните училишта од општините Карпош, Чаир, Прилеп и градот Скопје, оваа недела, заеднички ја одбележуваат манифестацијата „6 Април-Меѓународниот ден на спортот за развој и мир“. Преку проектот на МОК, МАЛИ ОЛИМПИСКИ ИГРИ и преку акцијата која е посветена на промоцијата на Олимпизмот и спортот, образованието, здравиот начин на живот, развојот и мирот во светот, голем број на граѓани, млади спортисти и ученици учествуваа во славењето на овој глобален настан,искажувајќи ја својата посветеност и поддршка, но и порака за важноста на развојот на спортот и Олимпиското движење во Република Македонија. Македонскиот олимписки комитет на С.У.Г.С. “Георги Димитров“, О.О.У. “Аврам Писевски“ – Бардовци од општина Карпош…
Македонскиот Олимписки комитет (МОК) заедно со Пинг понг Федерација на Македонија (ППФМ), а во соработка со ППК Младост96 и огромна подршка од градот Прилеп, на плоштадот „Методија Андонов Ченто”, утре (четврток 05.04.) во периодот од 10:30 до 14:00 часот, по втор пат ќе организираат настан по повод светскиот ден на спортот односно на пинг понгот. На самиот настан ќе присуствуваат Претседателот на МОК г-дин Васил Тупурковски, членови на ППФМ и огромен број на дечиња и љубители на пинг понгот од сите возрасти од градот Прилеп. Ова е уште еден убав начин да се одбележи денот на спортот.
Барселона ја пречекува Рома во првиот четврт-финален меч од Лигата на шампионите и ќе се обиде да реши сè околу конечниот победник уште на „Камп Ноу“. Каталонците се на чекор од титулата во „Ла Лига“, освен тоа се во финалето за Купот на кралот и имаат реални шанси да ја завршат сезоната со три титули. Тие дефинитивно може да се задоволни од ждребката, но Рома не е тим за потценување и го покажа тоа уште во групната фаза, каде заврши на првото место во друштво на Челзи и Атлетико Мадрид. Потоа Рома играше со Шахтјор Донецк, за да го постигнат…
Вечерва на „Енфилд“ ќе имаме англиска пресметка во ¼ финалето од Лигата на шампионите, што значи дека Англија ќе има сигурен ½ финалсит од ова натпреварување. Англија учествуваше со 5 екипи во елиминациската фаза од Лигата на Шампионите, но три од нив (Челзи, Манчестер Јунајтед и Тотенхем), веќе испаднаа. Само Ливерпул и Манчестер Сити ги поминаа првите елиминациски натпревари, обезбедија ¼ финале, но ќе се соочат меѓусебе во оваа фаза од ЛШ. Двата тима беа немилосрдни во претходната етапа, обезбедувајќи пласман понатаму уште по првите натпревари против Порто и Базел. Двата тима ќе го пренесат своето ривалство од домашната сцена,…
