Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Погба: Мило ми е што не му дозволивме на Сити да слави титула
    Фудбал

    Погба: Мило ми е што не му дозволивме на Сити да слави титула

    risteBy riste08/04/2018No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Пол Погба беше еден од најголемите херои на Манчестер Јунајтед во победа од 3:2 над Манчестер Сити. Французинот постигна два гола на овој натпревар.

    „Граѓаните” имаа шанса да ја освојат титулата во Премиер лигата, но Полгба постигна два гола најнапред за израмнување, а потоа неговата екипа го сврте резултатот и не му дозволи на градскиот ривал да ја слави титулата, а тоа му беше мило на Погба што не дозволи тоа да се случи.

    „Се разбира дека е одлично што постигнав два гола, но уште подобро е што го победивме Манчестер Сити и не дозволивме да не победат и да ја слават титулата пред своите навивачи, а со победа над нас. Мило ми е, но во исто време сум и малку разочаран, бидејќи со играта која покажавме во второто полувреме, можевме да сме многу поблизу до Манчестер Сити на табелата и да се бориме за титулата. Но, таков е фудбалот. Тоа се случува. Сега треба да почнеме да работиме и да се подготвуваме за следната сезона и да не ги повторуваме грешките што ги направивме за време на оваа сезона”, изјави Погба.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    „Црвените ѓаволи“ тргнуваат по Ансу Фати?

    04/02/2023

    Себаљос потпишува нов 4-годишен договор со Реал

    04/02/2023

    Клоп во одбрана на Салах: Тој е спортист од светска класа

    04/02/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Ивановски поразен во полуфиналето во Тунис
    • „Црвените ѓаволи“ тргнуваат по Ансу Фати?
    • Кошаркарките со Митрашиновиќ за дуелите со БиХ и Белгија
    • Себаљос потпишува нов 4-годишен договор со Реал
    • Клоп во одбрана на Салах: Тој е спортист од светска класа
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.