Фудбалерот на Виљареал Пабло Форналс ги исплаши сериозно навивачите на тимот, откако се онесвести за време на дуелот со Атлетик Билбао од Ла Лига.
Тој падна на теренот во 6-та минута без да биде вклучен во дуел со некој играч, бидејќи топката беше далеку од него. Медицинскиот тим на Виљареaл веднаш му помогна, и тој успеа да го напушти теренот во нивна придружба, но немаше потреба од дополнителна лекарска помош.
Од тимот соопштија дека Форналс не ја загубил свеста, одеднаш му се слошило, што довело да падне на теренот. Очекувано веднаш бил заменет и однесен во болница каде што ја поминал ноќта под медицински надзор, а ќе следуваат и дополнителни испитувања. Весникот „Марка” потсетува дека во декември фудбалерот се онесвестил на тренинг, кога исто така требало да биде однесен во болница, па лекарите ќе се обидат да дознаат која е причината за тоа. Инаку Виљареал го загуби натпреварот од Атлетик Билбао 1:3 и остана на 6-то место со 47 поени, еден повеќе од Севиља и 2 поени зад Бетис.