Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Англиска пресметка во Лигата на шампионите
    Фудбал

    Англиска пресметка во Лигата на шампионите

    risteBy riste04/04/2018No Comments4 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Вечерва на „Енфилд“ ќе имаме англиска пресметка во ¼ финалето од Лигата на шампионите, што значи дека Англија ќе има сигурен ½ финалсит од ова натпреварување.

    Англија учествуваше со 5 екипи во елиминациската фаза од Лигата на Шампионите, но три од нив (Челзи, Манчестер Јунајтед и Тотенхем), веќе испаднаа. Само Ливерпул и Манчестер Сити ги поминаа првите елиминациски натпревари, обезбедија ¼ финале, но ќе се соочат меѓусебе во оваа фаза од ЛШ. Двата тима беа немилосрдни во претходната етапа, обезбедувајќи пласман понатаму уште по првите натпревари против Порто и Базел. Двата тима ќе го пренесат своето ривалство од домашната сцена, на највисоко можно ниво. Тие никогаш не се сретнале во европските купови, иако Ливерпул имал можност да игра против други клубови од Англија. Сепак, Ливерпул и Сити се имаат сретнато двапати во елиминациски натпревари и тоа двата натпревари се во Лига Купот, и во двете средби „црвени” излегувале победници, а потоа го освојувале трофејот.

    Ливерпул е во 1/4-финале за првпат по 9 години, а Сити само втор пат во целата своја историја. Во оваа сезона, Ливерпул на „Енфилд“ не ја победи само Севиља во Лигата на шампионите (2:2). Во нивните четири домашни натпревари, постигна 12 гола. Генерално „црвените” се во серија од 14 натпревари без пораз на домашен терен во еврокуповите (9 победи и 5 нерешени) последен пораз е со 0:3 од Реал Мадрид во октомври 2014 година.

    Манчестер Сити доби 5 последователни натпревари во ЛШ оваа сезона, но во последното коло од групната фаза загуби од Шахтјор (Донецк) со 2:1. Со истиот резултат „граѓаните” загубија и на реваншот од осминафиналето против Базел, но пред тоа го декласираа швајцарскиот тим со 4:0 како гостин. Сепак, тимот на Гвардиола има само четири победи од последните 11 гостувања од еврокуповите.

    Вкупниот биланс од натпреварите помеѓу двата тима изгледа вака:

    87 победи за Ливерпул, 45 нерешени и 46 победи за Манчестер Сити. Оваа сезона тие разменија по една домашна победа во Премиер Лигата. „Граѓаните” го декласираа тимот на Јирген Клоп со 5:0 во септември, а Ливерпул победи со 4:3 во одличен натпревар на почетокот на годината. Ова е единствениот пораз на Манчестер Сити во шампионатот.

    Гвардиола и Клоп беа ривали во Бундеслигата кога беа на чело на Баерн (Минхен) и Борусија (Дортмунд) помеѓу 2013 и 2015 година, а Пеп имаше минимална предност од 4:3 во победи. Во Англија, Клоп е во мала предност има две победи, додека Гвардиола има една победа, а една средба завршила нерешено.

    Ливерпул игра одлично оваа година и влезе сигурно во топ 4 од Премиерлигата, па дури има реални шанси да заврши на второто место. „Црвените“ не победиле на само два од последните 19 натпревари и загубија само еден од последните 23 години на „Енфилд“. Мохамед Салах е во убиствена форма и ќе биде најголемата закана за Манчестер Сити. Египќанецот ќе има поддршка од Садио Мане и Роберто Фирмињо. Во средината на теренот се очекува Клоп да им даде шанса на Џордан Хендерсон, Алекс Окслејд-Чембрлен и поранешниот фудбалер на „граѓаните” Џејмс Милнер. Четворицата во одбрана ќе бидат Трент Александар-Арнолд, Дејан Ловрен, Вирџил ван Дајк и Ендрју Робертсон, а на голот ќе застане Лорис Кариус.

    Сити може да ја потврди доминацијата во Англија, а ќе ја освои титулата и теоретски уште овој викенд, ако го победи градскиот ривал Манчестер Јунајтед. Меѓутоа, за момчињата на Гвардиола, важно е да се одигра добар натпревар „Енфилд“ вечерва. Каталонскиот специјалист нема сериозни проблеми со составот, освен повредата на Серхио Агуеро. Во нападот ќе стартуваат Габриел Жезус, Рахим Стирлинг и Лерој Сане, тројката во средината ќе ка сочинуваат Кевин де Бруин, Фернандињо и Давид Силва, а во дефанзивната линија пред голманот Клаудио Браво ќе се Кајл Вокер, Винсент Компани, Николас Отаменди и Ајмерик Лапорта.

    Судијата на овој натпревар ќе биде германецот Феликс Брих.

    ЛИВЕРПУЛ – МАНЧЕСТЕР СИТИ

    Можни формации:
    ЛИВЕРПУЛ (4-3-3): Кариус; Александар-Арнолд, Ловрен, Ван Дајк, Робертсон; Окслејд-Чемберлен, Хендерсон, Милнер; Сала, Фирмињо, Мане.

    МАНЧЕСТЕР СИТИ (4-3-3): Браво; Вокер, Компани, Отаменди, Лапорт; Де Бруин, Фернандињо, Д.Силва; Стирлинг, Жесус, Сане.

    Судија: Феликс Брих (Германија)
    Стадион. Енфилд

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Мартинели потпишал нов договор со Арсенал

    03/02/2023

    Ако не влезе во ЛШ, Челзи ќе го прекрши финансискиот фер-плеј

    03/02/2023

    Јуве сака да го раскине договорот со Погба

    03/02/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Моцарт е нов генерален спонзор на ТФТ
    • Валтер: Повредите се причина за слабиот старт во СЕХА
    • Форд ќе прави мотори за Ред Бул од 2026 година
    • Червар: Ме сменија зошто сметаат дека сум опасност за некого
    • Мартинели потпишал нов договор со Арсенал
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.