Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Барселона сака сигурна победа против Рома
    Фудбал

    Барселона сака сигурна победа против Рома

    risteBy riste04/04/2018No Comments4 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Барселона ја пречекува Рома во првиот четврт-финален меч од Лигата на шампионите и ќе се обиде да реши сè околу конечниот победник уште на „Камп Ноу“.

    Каталонците се на чекор од титулата во „Ла Лига“, освен тоа се во финалето за Купот на кралот и имаат реални шанси да ја завршат сезоната со три титули. Тие дефинитивно може да се задоволни од ждребката, но Рома не е тим за потценување и го покажа тоа уште во групната фаза, каде заврши на првото место во друштво на Челзи и Атлетико Мадрид. Потоа Рома играше со Шахтјор Донецк, за да го постигнат своето најдобро достигнување од создавањето на ЛШ.

    Барса е во 1/4-финалето по 11-ти пат по ред, што е рекорд на ЛШ. Сепак, во последните три години каталонците беа елиминирани во оваа фаза. Рома, за последен пат, беше меѓу најдобрите 8 екипи пред 10 години. Двете екипи се сретнаа во групите од ова натпреварување во сезоната 2015/16 кога Барселона постигна победа од 6:1. Тоа беше единствениот пораз на Рома  во нивните четири натпревари со шпанскиот гигант.

    Барса игра многу успешно против ривалите од Италија на домашен терен и нема пораз во последните 12 натпревари на „Камп Ноу“ против екипи кои доаѓаат од Серија А. Против Јувентус во 1/4 финалето минатата сезона, Барса го имаше својот прв пораз од италијански противник во 10 натпревари. Тогаш каталонците загубија 3:0 во Торино. Генерално, Барселона нема пораз дома во Лигата на шампионите од септември 2013 година.

    Рома последен пат се сретнала со шпански тим во фазата на елиминација во еврокуповите минатата сезона, кога го елиминира Виљареал во Лига Европа со вкупен резултат 4:1. Против противниците од Шпанија, билансот на „волчицата„ е како гостин 4 победи, 3 нерешени и 8 порази. Пред победата против Карабах со 1:0 во групите, Рома не победи на гостински терен во 7 последователни натпревари.

    Тренерот на Барса Ернесто Валверде не сметаше на најдобриот состав на гостувањето кај Севиља во текот на викендот, но по влегувањето во игра на Лионел Меси тимот успеа да го израмни резултатот на 2:2 откако губеше со 2:0 и го избегна првиот пораз во првенството. Аргентинската ѕвезда постигна гол на секој од последните седум средби кои ги играл. Тој има вкупно 100 гола во Лигата на шампионите и 12 во 19 натпревари против италијанските тимови.

    Меси и Луис Суарез ќе бидат во нападот на Барселона вечерва, а во средината на теренот повторно ќе недостасува повредениот Серхио Бускетс. Неговото место ќе го пополни Паулињо, кој ќе соработува со Андрес Иниеста и Иван Ракитиќ во средниот ред. Осман Дембеле исто така ќе биде стартер. Во одбраната ќе дејствуваат Серж Роберто, Жерард Пике, Семјуел Умтити и Жорди Алба, а на голот стандардно ќе биде Марк-Андре Тер Штеген.

    Рома е во одлична форма во последниве недели, но нерепените 1:1 против Болоња беше разочарувачко и не дозволи тимот да го намали заостанување во однос на вториот Наполи. Пред дуелот на „Ренато Дал Ара“, Алисон имаше „сува мрежа“ на три последователни натпревари. Бразилецот ќе има многу работа вечерва и во голема мера се ќе зависи од негоа дали Рома ќе замине од Барселона со позитивен резултат. Добрата вест за Ди Франческо е дека Раџа Наинголан, кој ќе се повреди со Болоња, ќе може да игра. Истото важи и за Лоренцо Пелегрини. Младиот напаѓач Џенгис Јундер го пропушти натпреварот во шампионатот, но ќе биде стартер на „Камп Ноу“. Рома ќе сенадева на одличната форма во која се наоѓа Един Џеко, но и на тоа одбраната да го издржи притисокот на Барселона.

    Судија на оваа средба ќе биде релативно непознатиот холанѓанец Дени Меккели.

    БАРСЕЛОНА – РОМА

    Можни формации:
    Барселона (4-4-2): Тер Штеген, С.Роберто, Пике, Умтити, Алба, Дембеле, Паулињо, Ракитиќ, Иниеста, Л.Суарез, Меси.

    Рома (4-3-3): Алисон, Флоренци, Манолас, Фасио, Коларов, Пелегрини, Де Роси, Стротман;Јундер, Џеко, Пероти.

    Судија: Дани Меккели (Холандија)
    Стадион: „Камп Ноу”

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Мартинели потпишал нов договор со Арсенал

    03/02/2023

    Ако не влезе во ЛШ, Челзи ќе го прекрши финансискиот фер-плеј

    03/02/2023

    Јуве сака да го раскине договорот со Погба

    03/02/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Моцарт е нов генерален спонзор на ТФТ
    • Валтер: Повредите се причина за слабиот старт во СЕХА
    • Форд ќе прави мотори за Ред Бул од 2026 година
    • Червар: Ме сменија зошто сметаат дека сум опасност за некого
    • Мартинели потпишал нов договор со Арсенал
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.