Играчот од средниот ред на Барселона, Андре Гомеш планира да го напушти каталонскиот клуб ова лето, пишува „Трибалфудбал“.
Според оваа објавена информација, 24-годишниот фудбалер е интересен за Јувентус, кој може да направи понуда за играчот пред крајот на сезоната.
Гомеш никогаш не бил во можност да се натпреварува со ѕвездите на тимот Андрес Иниеста, Серхио Бусккес, Паулињо, Иван Ракитиќ и Филип Кутињо кој играат во средниот ред на Барселона. Играчот претходно даде интервју во кое тој изјави за неговиот тежок процес на адаптација во Барселона. Оваа сезона португалецот играше на само 14 натпревари од Ла Лига, а притоа често влегуваше како резерва.