Крилниот играч на Рома Џенгиз Јундер ќе биде подготвен да игра против Барселона во 1/4 финалето од Лигата на шампионите. Турскиот фудбалер го пропушти првиот натпревар кој Рома го загуби со 4:1 на „Камп Ноу“ од Барселона.
Тој не играше и на дуелот со Фиорентина (0:2) во Серија „А”, како и при нерешените 1:1 со Болоња во предходното коло. Последните информации, сепак се дека санирањето на повредата на Јундер оди според планот и има сериозна шанса тој да биде на располагање на тренерот Еузебио Ди Франческо за натпреварот со каталонците на „Олимпико” во вторник.
Во меѓувреме, веројатноста Диего Пероти да биде подготвен за овој меч е доста мала. Тој има микро истегнување на потколеницата и прогнозите се дека Аргентинецот ќе биде подготвен за игра дури за дербито со Лацио кој се игра следниот викенд.