Кошаркарот на ЛА Лејкерс, Лука Дончиќ, вели дека нема посериозна повреда откако на мечот со Милвоки нагази на ногата на Кузма по што падна на теренот држејќи се за глуждот.
„Добро сум. Малку ме боли но, ќе бидам добро“ – потенцираше играчот од Словенија на средбата со новинарите.
Бекот-шутер на мечот со Милвоки успеа да дојде до 32 поени, 5 скока, 5 асистенции и 2 украдени топки.

