Екипата на Детроит забележа серија од три победи на стартот на сезоната во НБА лигата а лидерот на тимот, Кејд Канингем, вели дека се фунционира беспрекорно.
„Само остануваме доследни. Не се занесуваме. Единството е тука. Имаме одличен систем и го имаме најдобриот тренер во лигата“ – рече кошаркарот на „Пистонси“.
Детроит на отворањето на сезоната славеше на мечевите против Бостон, Мајами и Филаделфија.

