Поранешниот генерален директор на Јувентус, Лучано Моџи, упати критики за „старата дама“ по викенд-поразот од Лацио во Серија „А“. „Не би рекол дека тимот играше лошо, би рекол дека воопшто не играа. Бесмислено е да се дискутира за нивниот настап – тие едноставно не ни излегоа на теренот“ – рече Моџи. Екипата од Торино сега заостанува 8 бодови зад лидерите Интер и Лацио во Серија „А“.
Author: dino
Тренерот на фудбалерите на Рома, Џан Пјеро Гасперини, потврди дека закрепнувањето на повредениот напаѓач, Пауло Дибала, ќе трае подолго од очекуваното. Тој се осврна и на неколку други играчи од тимот на „Волчицата“. „Се надевав дека Пауло Дибала ќе закрепне побрзо, но, прегледите покажаа дека ќе му бидат потребни уште неколку недели“ – рече Гасперини. „Чекаме Брајан Кристанте да се врати. Се надевам дека ќе биде подготвен за дерби натпреварот против Наполи.“ – потенцираше тренерот на Рома.
Голманот на фудбалскиот состав Челзи, Емилијано Мартинез, изјави дека ќе биде подготвен за игра за неколку недели откако бил опериран поради повреда здобиена на вчерашниот меч со Евертон во елитата на Англија. 34-годишниот аргентински репрезентативец се здобил со скршеница на вилицата по судир со главите со дефанзивецот на Евертон, Џарад Брантвајт. -Ви благодарам на сите за пораките. Операцијата помина успешно.Најважно е што победивме и ја зачувавме мрежата недопрена. Ќе се вратиме за неколку недели“, напиша Аргентинецот.
Легендата на Баерн Минхен, Лотар Матеус, по вчерашната убедлива победа против Лајпциг во Бундес-лигата, проговори за еден од најискусните фудбалери во баварскиот состав, Џошуа Кимих. „Тој е апсолутен лидер, не само денес, туку и со години. Секој што е водечки играч во Баерн може да ја преземе оваа улога и во националниот тим“ – рече Матеус. „Кимих прави клучни работи и носи потребна енергија и харизма. Тој има сè што е потребно за да продолжи да ја игра оваа улога во Баерн и во репрезентацијата“ – рекол Матеус.
Тренерот на Бетис, Мануел Пелегрини, упати остри критики кон главниот судија Рикардо Бенгоечеа по поразот од Барселона во деветтото коло од Ла Лига. „Видовме чудни и необјасниви одлуки. Ни исклучија играч и ни поништија гол – сето тоа беше апсурдно. Играњето со рака воопшто не влијаеше врз постигнувањето на погодокот“ – изјави Пелегрини. „Нашиот црвен картон, пак, беше последица на провокација од Ламин Јамал. Наместо судијата да ги предупреди двајцата играчи, казнети бевме само ние“ – рече тренерот на Бетис.
Ерик Гарсија, кој дејствува во одбраната на Барселона, во наредното лето може да добие понуда да се пресели во редовите на ПСЖ, најавија денеска дел од медиумите. Парижаните наводно, се подготвени да понудат околу 70 милиони евра за 25-годишниот дефанзивец. Тој има договор со шпанскиот состав до 2031 година а во претходната сезона забележа 51 настап во сите натпреварувања. Репрезентативецот на „фуријата“ може да дејствува и на страничните позиции а тренерот на „светците“, Луис Енрике, верува дека Гарсија ќе биде одлично засилување за тимот.
Поранешниот возач во Формула 1, Џони Херберт, нагласи дека сè подоминантната улога на технологијата ги ограничува возачите и ја поткопува суштината на вистинскиот мото-спорт. „Возачите не се задоволни од начинот на кој се користи електричната енергија. Тие сакаат да возат до крајните граници но, понекогаш едноставно не можат бидејќи батеријата се празни а софтверот ги ограничува“ – рече Херберт. „Во Малезија видовме како, на влажна патека, софтверот беше принуден да ја намали моќноста од 1.000 на 800 коњски сили. Во мое време, имавме посебно подесување за влажни услови и можевме сами да одлучиме како да го подесиме болидот.“ – рече…
Тренерот на фудбалерите на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, проговори за утрешниот меч против Севилја во Примера Дивизион и случувањата во тимот. „Тоа е силен тим. На натпреварите што ги загубија беа рамноправен противник. Кога играат на гости, тие секогаш пружаат силен отпор. Луис Гарсија врши одлична работа. Ќе биде многу тежок натпревар но, ние сакаме да победиме“ – вели Мурињо. „Играчите се уморни според тоа што го слушнав од медицинскиот тим. Тие чувствуваат одреден замор но, ќе бидеме подготвени. Можеме да направиме одредени промени во тимот„ – рече тренерот на „кралевите“.
Нашиот каратист, Марко Џорлев, го освои златниот медал на Светското првенство за кадети, јуниори и У-21 во Бјeлско Бјала, Полска. Тој во решавачката борба успеа да го победи Адам Ваги ог Унгарија со 4-1. Џорлев кој е дел од екипата на Штип, претходно ги елиминираше: Алехандро Перез (Куба) , Хозе Андрес Гарсија (Гвајана), Леонс Акоповс (Латвија) и Јан Мата (Панама). Џорлев годинава го освои златниот медал во Светската младинска лига во Пореч и сега е лидер на ранг-листата на ВКФ. Утре Реџеп Рушити (-84 кг) во У-21 ќе се бори за бронзениот медал.На СП ќе настапуваат 2022 каратисти со 1970…
Раководството на Сасуоло разгледува опции за одбраната откако централниот дефанзивец, Феде Лејсен, се здоби со сериозна повреда и ќе го пропушти продолжението од сезоната. Меѓу главните цели на клубот е поранешниот играч на Интер, Франческо Ачерби. 38-годишниот поранешен италијански репрезентативец нема клуб од јуни откако му заврши договорот со Интер. Тој претходно помина пет сезони во Сасуоло (од 2013 до 2018 година), при што забележа 173 настапи во сите натпреварувања.
