Центарот, Џамарион Шарп, (226 см) потпиша двонасочен договор со екипата на Торонто. Тој доаѓа на местото на Чаки Хеберн кој си замина од клубот. Шарп претходно играше во развојната лига во дресот на Далас. 25-годишниот кошаркар во текот на летото играше за Торонто во Летната лига во Лас Вегас со просек од 7,4 поени, 7,4 скока и 2,8 блокади.
Author: dino
Со свечена академија во Македонската опера и балет, Универзитет Скопје одбележа 20 години постоење, посветеност на високото образование, развојот на науката и градењето меѓународни академски партнерства. На јубилејната свеченост присуствуваа угледни гости од земјата и странство, професори и научници, ректори и претставници на универзитети, членови на дипломатскиот кор, претставници на државните институции и деловната заедница, како и долгогодишни соработници и пријатели на Универзитетот Свеченоста беше посветена на досегашните достигнувања на Универзитетот, но и на новите генерации академски образовани млади луѓе кои со своето знаење и професионален потенцијал треба да придонесуваат за развојот на општеството. Ректорот на Универзитет Скопје, проф. д-р…
Македонскиот репрезентативец Андреј Јакимовски ќе мора да паузира поради сериозна повреда на стомачната мускулатура. Кошаркарот на Наполи ги пропушти последните натпреварувачки обврски на италијанскиот тим, а дополнителните лекарски прегледи ја потврдија сериозноста на повредата. Од Наполи соопштија дека станува збор за целосно кинење на десниот внатрешен кос стомачен мускул. „Играчот веќе ја започна програмата за терапија и рехабилитација изготвена од медицинскиот тим. Времетраењето на закрепнувањето ќе се утврди врз основа на развојот на клиничката состојба и неговиот одговор на третманот“, соопштија од италијанскиот клуб.
УЕФА и КОНКАКАФ го информирале Џани Инфантино дека ФИФА може да распредели повеќе од 2 милијарди долари меѓу своите членови без да ги продаде правата за Светското првенство, објави „Тајмс“. Во заедничко писмо до претседателот на ФИФА од страна на раководителите на УЕФА и КОНКАКАФ, се наведува дека исплатата на по 10 милиони долари на секоја од 211-те национални асоцијации би било „разумно и изводливо решение“. Копии од писмото беа испратени до сите членови на Советот на ФИФА кои набрзо ќе се состанат во Цирих.
Италијанецот, Винченцо Монтела, се огласи на социјалните мрежи откако пред три дена се повлече од функцијата главен тренер на турската фудбалска репрезентација. „Секоја убава приказна на крајот завршува, но, некои патувања оставаат трага што е многу поважна од фудбалот. За мене беше огромна чест да ја водам турската репрезентација“ – рече Монтела. „Посебна благодарност до играчите за нивната напорна работа и посветеност кон националниот тим. Заедно доживеавме незаборавни моменти, ги надминавме тешкотиите и станавме дел од посебно поглавје во историјата на земјата“ – напиша Монтела на социјалните мрежи.
Комесарот на НБА, Адам Силвер,објави дека лигата тестира кошаркарски топки со вграден чип со тежина од приближно еден грам за натпреварите во 2027 година. „Експериментираме со мал чип. Играчите не забележуваат разлика – тоа е добар знак. Мислам дека би можел да се користи за да им се помогне на судиите за време на натпреварите“ – рече Силвер. Комесарот верува дека примена на технологијата ќе им овозможи на кошаркарите да ја анализираат техниката на шутирање. На пример, ако играчот изведе стотици шутеви, податоците од чипот ќе помогнат да се утврди кои агли и вртења се најуспешни.
Поентерот на Далас, Кајри Ирвинг, кој ја пропушти претходната НБА сезона поради повреда, по цели 586 денови се појави на теренот. Тој играше предсезонски натпревар во Кина. „Дури и пред почетокот бев преплавен од емоции. Многу сум благодарен на тренерот Дасти Меј што подготви посебна акција за мене. Исто така, сум благодарен на моите соиграчи: сите станаа од клупата за да го споделат овој момент со мене“ – рече Ирвинг. „Поминаа повеќе од 500 дена од мојот последен официјален натпревар. Бев преплавен со емоции што ретко ги покажувам“, рече Ирвинг за официјалната веб-страница на НБА.
Фудбалерот од средниот ред на Галатасарај, Илкај Гундоган, го сподели своето мислење за утрешниот меч против Барселона во второто коло во Лигата на шампионите. „Барселона игра многу доминантно и самоуверено во моментов . За да се натпреварувате со тим во оваа форма, треба да бидете практично беспрекорни во одбраната и да покажете голема храброст во поседот на топката. Не можете само да се повлечете и да чекате противникот да нападне во вашиот шеснаесетник“ – рече Гундоган. „Треба прецизно да ги искористите малкуте простори што ги остава Барселона во контра-нападот. Во моментов, според мене, Барселона е најдобриот тим во Европа и…
Возачот на Ауди, Нико Хулкенберг, објасни како успеал да го спречи возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, на крајот од трката за Големата награда на Сингапур. „Во почетокот, не мислев дека е можно. Но, потоа успеав да влезам во подобар ритам и малку да ја намалам разликата со Лиам Лосон. Имав малку видливост што ми помогна да ја подобрам брзината на отворено“ – рече Хулкеберг. „Не беше само почетокот добар, туку и целиот прв круг. Тоа ме стави во добра позиција за остатокот од трката“ – рече Германецот по трката во Сингапур.
Поранешниот градоначалник на Манчестер а сега британски премиер, Енди Бернам, беше критикуван за неговата поддршка на Сити кој неодамна беше прогласен за виновен за кршење на финансиските правила на Премиер лигата. Казната сè уште не е одредена но. некои експерти веруваат дека на клубот не само што би можел да му бидат одземени титулите, туку и да биде испратен во друга дивизија. „Ќе бидам целосно отворен за сè што направив во мојата соработка со нив додека бев градоначалник. Сепак, според мене, инвестициските прашања треба да се разгледуваат одделно, бидејќи се сосема различни прашања“ – рече Бернам.
