Македонската фудбалска репрезентација се спушти за две позиции на новото рангирање на Светската фудбалска асоцијација и сега го има 71-то место. Тоа беше очекувано по поразите од Швајцарија, Словенија и Шкотска во Лигата на Нации во септемвриско-октомврискиот дел. Актуелниот светски шампион, Шпанија, останува лидер пред Аргентина, Франција, Англија и Португалија која се проби на петтото место.
Author: dino
Кошаркарскиот состав, Макаби Тел Авив, повеќе нема да ги игра своите домашни натпревари од Евролигата во Белград. Израелскиот клуб беше принуден да ги игра своите домашни натпревари во Србија поради безбедносни причини поради ситуацијата во регионот. Сега Макаби ќе игра во Спортскиот центар „Спирос Кипријану“ на Кипар. Поради зголемените безбедносни мерки капацитетот ќе биде ограничен на 5.000 гледачи.
Офанзивниот играч за врска на Наполи, Антонио Вергара, има потешка повреда, објави калчо-лигашот. 23-годишниот италијански фудбалер се повреди на мечот со Турција во Лигата на Нации. Вергара, кој во сезонава има запишано еден гол и една асистенција на четири настапи за Наполи, веројатно ќе отсуствува од терените 3–4 недели. Тој нема да се појави на три меча во Лигата на шампионите и нема да игра на дерби средбите со Рома и Јувентус во Серија „А“.
Луѓето од Милан размислуваат да го ангажираат фудбалерот на Барселона, Алехандро Балде, најавија дел од медиумите во Италија. Бидејќи „росонерите“ се соочуваат со повредите на Еступињан и Салемакерс, тие ќе се обидат да дојдат до потписот на 22-годишниот играч кој ја нема посакуваната минутажа кај Каталонците. Централниот стопер кој вреди на пазарот околу 40 милиони евра, има договор со екипата од „Камп Ноу“ до летото во 2028 година.
Раководството на Барселона изрази сериозна загриженост во врска со можната суспензија на тимот од Лигата на шампионите, објави весникот – „Марка“. Имено, тековната истрага за „случајот Негреира“ може да биде причина за евентуална примена на дисциплински мерки од страна УЕФА. Правниот случај произлегува по објавувањето на информации за финансиски трансфери од каталонскиот клуб на сметките на Хозе Марија Хенрикез Негреира, кој беше потпретседател на техничкиот комитет на судиите во Шпанија.
40-годишниот кошаркар на Голден Стејт, Ал Хорфорд, го пропушти вториот меч од предсезоната. Високиот играч учествуваше во загревањето а потоа беше отстранет од поставата. Хорфорд има модринка на левото колено. Тимот соопшти дека повредата е лесна и дека неговото отсуство е од претпазливост. Хорфорд во претходната сезона одигра 47 натпревари.
Кошаркарот, Ануноби, ќе ја започне четвртата сезона со Њујорк. Англичанецот беше еден од најдобрите во претходната кога беше освоена шампионската титула во НБА. „Ќе треба почесто да го користиме како плејмејкер. Но, тој исто така треба подобро да разбере што сака на теренот и како да стигне до своите места.“ – рече тренерот Мајк Браун. „Сега е појасно како да го користам. Не повикувам толку често акции. Сега може да ја пронајде својата улога во агресивен напад“ – потенцираше тренерот на Никси.
Одбојкарскиот Меморијален турнир – „Бранко Хаџииљоски – Чајка“ од годинава ќе биде и Супер Куп на Македонија во двете конкуренции. Во Тетово, кај мажите од 17.00 ќе играат освојувачот на двојката круна УГД Штип и финалистот во првенството и Купот, Борец а кај одбојкарките шампионот Работнички и победникот во Купот, Вардар. Таа средба ќе стартува во 19.30 часот. Влезот во салата –ДСЕУ „8 Септември“ ќе биде слободен.
Лионел Меси проти Бенин го одигра последниот меч во дресот на аргентинската фудбалска репрезентација. На легендарниот стадион – „Монументал“ во Буенос Аирес, пред 85.000 гледачи, Меси стави крај на репрезентативната кариера која траеше 21 година. Тој има постигнато 126 голови и освоено еден Мундијал (2022).„Ми беше голема чест да го носам овој дрес повеќе од 20 години. Никогаш не престанав да се борам, никогаш не престанав да давам се од себе. Играњето за репрезентацијата е најубавата работа во светот што може да ти се случи“ – порача Меси.
Кошаркарите на МЗТ Скопје со денешниот меч против грчкиот состав, Ираклис, од 19.00 часот во СЦ јане Сандански, ќе ја стартуваат сезоната во ФИБА Евро-купот. Покрај грчката екипа, противници на популарните „штркови“ ќе бидат и Тарту (Естонија), Вурцбург (Германија), АЕЛ Ларнака (Кипар) и Џики Варшава (Полска). Двете првопласирани екипи ќе продолжат во втората фаза во која ќе бидат формирани четири групи со по четири тима.
