40-годишниот кошаркар на Голден Стејт, Ал Хорфорд, го пропушти вториот меч од предсезоната.
Високиот играч учествуваше во загревањето а потоа беше отстранет од поставата. Хорфорд има модринка на левото колено.
Тимот соопшти дека повредата е лесна и дека неговото отсуство е од претпазливост. Хорфорд во претходната сезона одигра 47 натпревари.

