Кошаркарите на МЗТ Скопје со денешниот меч против грчкиот состав, Ираклис, од 19.00 часот во СЦ јане Сандански, ќе ја стартуваат сезоната во ФИБА Евро-купот.
Покрај грчката екипа, противници на популарните „штркови“ ќе бидат и Тарту (Естонија), Вурцбург (Германија), АЕЛ Ларнака (Кипар) и Џики Варшава (Полска).
Двете првопласирани екипи ќе продолжат во втората фаза во која ќе бидат формирани четири групи со по четири тима.

