Тренерот на фудбалерите на Манчестер Сити, Енцо Мареска, по вчерашниот триумф кај Ливерпул во дербито на Премиер лигата, вели дека играчите мора останат фокусирани само на мечевите. „Не им беше лесно на фудбалерите во последните две-три недели, но, многу добро се носеа со целата ситуација“ – вели Мареска. „Се надевам дека за ситуацијата ќе можам да зборувам кога ќе ни биде прифатена жалбата“ – нагласи менаџерот на „граѓаните“ алудирајќи на пресудата дека клубот е виновен за кршење на финансиските правила.
Author: dino
Брус Браун, откри како размислуваат кошаркарите околу правилата за ограничување на платите во НБА лигата. „Новиот колективен договор е добар за играчи од максимално ниво, врвни слободни агенти а можеби и за играчи кои потпишуваат договори од почетно ниво“ – рече кошаркарот на Њујорк. „За нас, играчите од средниот дел на табелата тоа е катастрофа. Малкумина во моментов се наметнуваат дури и за верзијата со ослободување од данок. Тоа е реалноста“ – рече Браун.
Лидерот во Премиер-лигата, Манчестер Сити, останува топ-тема во медиумите поради обвиненијата за финансиски малверзации. Тренерот на „граѓаните“, Енцо Мареска, нагласува дека атмосферата во тимот е одлична и покрај неизвесноста околу евентуалните санкции. „Да бидам искрен, атмосферата во тимот е фантастична. Играчите се возбудени пред претстојните натпревари. Играчите се фокусирани само на тоа“ – изјави Мареска.
Главниот тренер на Денвер, Дејвид Аделман ги коментираше тврдењата дека Никола Јокиќ нема влијание врз одбраната на тимот. „Главниот проблем за нас а не за него лично е одбраната од брз напад. Ако не ја забавиме топката, Јокиќ завршува во ранлива позиција.“ – рече Аделман. „Тој не е специјалист за блокирање на шутеви. Тој не е Руди Гобер но, е многу подобар дефанзивен играч отколку што мислат луѓето“ – заклучи Аделман.
Фудбалерот за врска на Тотенхем, Лукас Бергвал, може во јануари да го напушти лондонскиот клуб, велат последните информации од Англија. Репрезентативецот на Шведска падна во втор план по ангажирањето на Сандро Тонали и Матеус Фернандес. Младиот фудбалер сака значително поголема минутажа и затоа размислува за трансфер во текот на зимата доколку неговата ситуација не се подобри.
Дефанзивецот на Нотингем Форест, Муриљо, може да добие понуда од Манчестер Јунајтед кој планира да ја засили одбраната за наредната година. Бразилецот неодамна се поврзуваше со Ливерпул и Челзи, но, „црвените ѓаволи“ немаат намера да се откажат од евентуален негов ангажман. Дефанзивецот во мај потпиша нов договор што значи дека трансфер во јануари изгледа малку веројатен.
Денеска во Скопје се одржува 34. Меѓународна спортско-медиумска ревија „Турнир на медиуми“, која и годинава ги обединува новинарите, спортистите, тренерите, медиумските работници и јавните личности од Македонија и регионот. На манифестацијата учествуваат гости од Србија, Хрватска и Босна и Херцеговина. Денеска од 11:00 часот во Свечената сала на Ректоратот на УКИМ ќе се одржи панел-дискусијата „Спортот во ерата на вештачката интелигенција: етика, здравје и извонредност“, на која ќе се говори за примената на AI во спортската анализа, тренингот, здравјето и донесувањето одлуки, но и за улогата на човечката проценка, етиката и фер-плејот. Панелисти се проф. д-р Орце Симов, проф. д-р…
Манчестер Сити во недела гостува кај Ливерпул на „Енфилд“, а тренерот Енцо Мареска би можел за првпат сезонава да го има на располагање својот најсилен напаѓачки квартет. Според проценките, во нападот би требало да стартуваат Џереми Доку и Антоан Семењо на крилните позиции, Рајан Шерки како „десетка“ и Ерлинг Халанд во шпицот. Доку ги пропушти првите шест натпревари поради повреда на листот, но се врати со 15 минути против Сандерленд и дополнително се одмори за време на репрезентативната пауза. Семењо, пак, ја напушти репрезентацијата на Гана поради отечен глужд, но се очекува одморот да му помогне да биде подготвен за…
Ливерпул се соочува со сериозни проблеми со повредите пред неделниот дуел со Манчестер Сити на „Енфилд“. Александар Исак предвреме го напушти кампот на Шведска поради повреда на бутниот мускул, но селекторот Грем Потер оцени дека проблемот не е сериозен. Неговото враќање се очекува да биде проценето пред мечот со Сити. Коди Гакпо, пак, се повреди на натпреварот на Холандија против Србија по силен старт на Саша Лукиќ и исто така го напушти репрезентативниот камп за да биде дополнително прегледан. За него засега нема точен датум за враќање. Нов проблем е и Џереми Жаке, кој поради истегнување на левата задната ложа…
Јувентус доби добри вести во пресрет на продолжението на сезоната и гостувањето кај Каљари. Керим Алајбеговиќ, кој имаше проблем по настапите за репрезентацијата на Босна и Херцеговина, нема посериозна повреда. По лекарските прегледи, младиот напаѓач се очекува повторно да тренира со тимот и да биде во конкуренција за натпреварот. Франциско Консеисао, пак, се врати во Торино со задоцнување поради проблеми со летот. Португалецот веднаш одработи индивидуален тренинг, а од денеска треба да биде во полн тренажен процес. Тренерот Лучано Спалети дополнително ќе ја процени неговата физичка подготвеност пред да одлучи дали ќе биде стартер.
