Генералните менаџери на НБА тимовите ги посочија нивните фаворити за освојување на наградата – „Руки на годината“. Станува збор за избор на најдобрите дебитанти во сезоната која доаѓа. На првото место како главен фаворит е поставен Камерон Бузер, играчот на Мемфис кој добил 50 проценти од гласовите.Веднаш до него е Кејлеб Вилсон од Чикаго – 20, трет во рангирањето е Еј-Џеј Дибанза кој ќе игра за Вашингтон со 17 додека Дарин Петерсон од Јута има 13 проценти шанса да дојде до награта – дебитант на годината.
Author: dino
Шампионот во Формула 1 од 2016 година, Нико Розберг, изјави дека лидерот во тековнава сезона, Андреа Кими Антонели, му оставил многу силен впечаток. Младиот италијанец има освоено 8 трки и на добар пат е да стане шампион уште на претстојното Гран При на САД. „Знаев дека Антонели е многу, многу брз, се познаваме уште од неговите картинг денови. Сепак, по минатата сезона во која имаше многу тежок период, никој не можеше да замисли дека ќе биде толку брилијантен годинава“ – рече Розберг.
Легендата на Ливерпул, Стивен Џерард, се обиде да ја спушти тензијата околу игрите на Флоријан Вирц, кој речиси постојано добива критики во јавноста за неговите бледи настапи во црвениот дрес. „Не негирам дека не игра добро и дека требаше да видиме многу повеќе со оглед на неговата цена но, мислам дека сè уште има шанса. Тоа се случило и претходно кога играчите го менуваат клубот“ – рече Џерард. „Ја губи топката дури и во едноставни ситуации што не е вообичаено за него. Мислам дека е прашање на самодоверба“ – рече поранешниот играч од средниот ред на Ливерпул.
Фудбалерот на Милан, Матео Габија, ќе мора да паузира до крајот на годинава, најавија дел од медиумите на „Чизмата“. Дефанзивецот на „росонерите“ на мечот со Сасуоло во Серија А заработи повреда на левиот бут со делумно кинење на тетивата. Италијанецот кој го напушти теренот на носилки, денеска ќе оди на детални медицински прегледи.
Тренерот на фудбалерите на Интер, Кристијан Киву, верува во успех на денешниот меч против Клуб Бриж во второто коло од главната фаза во Лигата на шампионите. „Не постои формула ниту трофеј што може да се купи само со пари. Ниту еден играч или тренер не може да понуди апсолутни гаранции“ – рече Киву. „Имаме играчи со исклучителен квалитет. Интер треба да има шампионски амбиции“ – рече тренерот на „нероаѕурите“ пред денешниот меч во Лигата на шампионите
Тренерот на Галатасарај, Окан Бурук, потенцира дека неговите избраници нема да излезат со бело знаме на денешниот меч со Барселона во 2 коло во Лигата на шампионите. „Знаеме дека се соочуваме со тим што е во најдобра форма на планетава. Природно е сите да ги гледаат нашите противници како фаворити но, ние ќе го дадеме максимумот“ – изјави тренерот на турскиот состав. „Ние сме Галатасарај и играме на домашен терен. Ќе бидеме многу агресивни во дуелите и нема само да се браниме“ – рече Бурук.
Возачот на Мекларен во Формула 1, Оскар Пјастри, вели дека трката за Големата Награда на Сингапур, била крајно исцрпувачка. „Беше тешко. Такви се речиси секогаш трките на патеката – „Марина Беј“. Со такви гуми и новите автомобили, мора да возите до граница на вашите можности“ – нагласи Пјастри. „Со оглед на тоа што користевме меки и средни гуми за мене беше најинтензивна трка. Требаше да дадеме максимум“ – беа зборовите на членот на Мекларен.
Напаѓачот на Чикаго, Конор Бедард, започна со тренинзи со полн интензитет заедно со соиграчите, соопшти тимот кој се натпреварува во НХЛ лигата. 21-годишниот Канаѓанец беше подложен на операција на рамото во почетокот на јули откако се здоби со повреда за време на тренинг. Во негово отсуство, Чикаго забележа само една победа на првите шест натпревари од регуларниот дел на сезоната во Националната хокеарска лига во Западната конференција.
Тренерот на фудбалерите на Барселона, Ханси Флик, пред денешното гостување кај Галатасарај во Лигата на шампионите, се насочи кон целите на тимот. „Единственото нешто што го сакам е да победуваме. Навистина сум среќен што гледам дека фудбалерите уживаат во играта“ – вели тренерот на шпанскиот состав. „ Треба да го задржиме поседот на топката што ни дава самодоверба. Гледам дека сме подготвени за натпреварот“ – рече Флик пред гостувањето во Турција.
Кошаркарот на Мајами, Давион Мичел, ги посочи неговите приоритети во новата сезона во НБА лигата. „Моја индивидуална цел е да ја освојам наградата за одбранбен играч на годината. Тоа е сè што имам“ – потенцираше играчот на Мајами. 28-годишниот кошаркар се надева дека конечно ќе биде дел и од Ол -Стар мечот на ѕвездите во најсилната светска конкуренција.
