Тренерот на фудбалерите на Интер, Кристијан Киву, верува во успех на денешниот меч против Клуб Бриж во второто коло од главната фаза во Лигата на шампионите.
„Не постои формула ниту трофеј што може да се купи само со пари. Ниту еден играч или тренер не може да понуди апсолутни гаранции“ – рече Киву.
„Имаме играчи со исклучителен квалитет. Интер треба да има шампионски амбиции“ – рече тренерот на „нероаѕурите“ пред денешниот меч во Лигата на шампионите

