Возачот на Мекларен во Формула 1, Оскар Пјастри, вели дека трката за Големата Награда на Сингапур, била крајно исцрпувачка.
„Беше тешко. Такви се речиси секогаш трките на патеката – „Марина Беј“. Со такви гуми и новите автомобили, мора да возите до граница на вашите можности“ – нагласи Пјастри.
„Со оглед на тоа што користевме меки и средни гуми за мене беше најинтензивна трка. Требаше да дадеме максимум“ – беа зборовите на членот на Мекларен.

