Author: dino

Капитенот на Вардар, Васил Гогов, верува дека на мечот со Висла може да се прекине лошата серија во Лигата на шампионите. „Нè очекува тежок натпревар против тежок противник, со квалитетни играчи. Ние напорно се подготвуваме. Се надевам ќе играме пред полна сала пред нашите навивачи за да освоиме први бодови во ЛШ“ – рече Гогов. „Наше е да имаме повеќе енергија, мотивација пред својата публика. Се надевам дека таа ќе биде наша предност против овој противник“ – потенцираше голманот на Вардар.

Read More

Тренерот на ракометарите на Вардар, Иван Чупиќ, се насочи кон мечот со Висла Плоцк во третото коло во Лигата на шампионите. Истиот ќе биде в четврток во 20.45 часот во СЦ Јане Сандански. „Ни доаѓа Висла која е во топ 10-12 во Европа, тим кој долго години е заедно со истиот тренер. Последните седум-осум години покажуваат врвни резултати во домашното првенство и во Лигата на шампионите“ – рече Чупиќ. „Се подготвуваме како секогаш, со добра енергија, анализа и тренинг. Веруваме дека во полн „Јане Сандански“ никому нема да му е лесно. Сакаме по двата натпревара без бодови на кои игравме…

Read More

Одбојкарската Федерација на Македонија и семејството Хаџи Иљоски денеска на средба со новинарите го најавија јубилејното 50-то издание на Mеморијалниот турнир – „Бранко Хаџи Иљоски – Чајка“. „Големо задоволство за мене е што годинава турниот е во Тетово каде што изворно почна да се одржува, меѓутоа последните десетина години беше ставен во функција на одбојкарските репрезентации на Македонија и се одржуваше на различни места. Оваа година заедно со претседателот на ОФМ, Петар Јовановски и со генералниот секретар, Филип Деспотовски се договоривме, турнирот да прерасне и во официјален Супер Куп на Македонија“ – истакна синот на легендата, Ивица Хаџииљоски. Утре во…

Read More

Македонската фудбалска репрезентација денеска ќе го одигра мечот од 4-то коло во „Б“ сегментот, група 1 во Лигата на Нации.Избраниците на селекторот, Гоце Седлоски, од 20.45 часот ќе се појават на теренот на лидерот Швајцарија, која на првата пресметка во Скопје победи убедливо со 3-0. Во вториот денешен меч ќе играат Шкотска и Словенија.На табелата води Швајцарија со максимални 9 бодови, пред Шкотска и Словенија кои имаат по четири додека Македонија е закована на дното без бодови и без постигнат гол.

Read More

Од 6 до 13 Октомври, Мохамед Атум од Јордан, тренер од мрежата на Меѓународната пинг понг федерација (ИТТФ) ќе спроведе тренинг камп за 18 млади пинг -понгари од Mакедонија. Кампот се одржува во Пехчево а Атум и селекторот на македонската репрезентација Милош Миленковиќ го посетија клубот од Берово кој е еден од најмасовните во државава. Од 11 Октомври нашите најдобри сениори, Кристијан Станојковски и Амелиа Николов, ги очекува настап на Европското првенство во Словенија.

Read More

Црвена Ѕвезда од Белград ја потврди повредата на Џонатан Мотли. Високиот кошаркар има повреда на колкот и ќе отсуствува подолг период. Во исто време, тројца играчи се вратија во составот: Тоа се : Дејан Давидовац, Никола Ѓуришиќ и Патрик Болдвин. Последните двајца ќе можат да дебитираат за српскиот клуб. Болдвин ќе се испроба во европската кошарка за прв пат откако играше во НБА.

Read More

Фудбалерот на Милан, Алексис Салемакерс, веројатно ќе мора да оди на нова операција на зглобот на ногата. Белгискиот репрезентативец го имаше истиот проблем и пред две години кога поради скршеницата на медијалниот малеолус мораше да биде опериран. Тоа значи дека искусниот играч ќе мора да оди на подолг процес на рехабилитација и да пропушти значителен дел од сезоната.

Read More

Поранешниот фудбалер, Стивен Џерард, во опширно интервју откри, дека жали што не остана во Ливерпул за да работи под диригентската палка на тренерот, Јирген Клоп. „Би жртвувал многу професионално и лично за да имам можност да играм за Клоп -вели Англичанецот. „Ми беше понуден едногодишен договор на крајот од мојата кариера во Ливерпул. Ако знаев дека Јирген ќе дојде, ќе ризикував и ќе останев “ – вели поранешниот капитен на „црвените“.

Read More

Еден од најдобрите напаѓачи во историјата на Манчестер Сити, Сехио Агуеро, проговори за големата ѕвезда на Челзи, Кол Палмер. „Кога бев таму, тој немаше многу можности да игра за Сити бидејќи имаше многу играчи од врвно ниво кои беа во добра форма“ – рече Агуеро. „Преминувањето во Челзи функционираше добро бидејќи му требаше да игра. Според мене, тој е сега најдобриот играч на Челзи“ – рече Аргентинецот.

Read More

Најдобриот стрелец во НХЛ лигата, Александар Овечкин, објави дека е сигурен во одлуката да се повлече од замрзнатите терени. „Со семејството седнавме и разговаравме и одлучивме дека ова ќе биде мојата последна сезона во кариерата“ – беа зборовите на Русинот кој целата кариера ја помина во Вашингтон. 41-годишниот ветеран со 929 голови го има првото место на листата на стрелците во НХЛ пред Вејн Грецки кој има 894.

Read More