Тренерот на ракометарите на Вардар, Иван Чупиќ, се насочи кон мечот со Висла Плоцк во третото коло во Лигата на шампионите. Истиот ќе биде в четврток во 20.45 часот во СЦ Јане Сандански.
„Ни доаѓа Висла која е во топ 10-12 во Европа, тим кој долго години е заедно со истиот тренер. Последните седум-осум години покажуваат врвни резултати во домашното првенство и во Лигата на шампионите“ – рече Чупиќ.
„Се подготвуваме како секогаш, со добра енергија, анализа и тренинг. Веруваме дека во полн „Јане Сандански“ никому нема да му е лесно. Сакаме по двата натпревара без бодови на кои игравме добро, да стигнеме до првата победа“ – изјави Чупиќ.

