Author: dino

NBA

Тренерот на кошаркарите на Сан Антонио, Мич Џонсон, очекува Виктор Вембањама, да има видна улога во нападот. „Тој треба да продолжи да ја контролира играта и да влијае на нејзиниот тек. Не само да постигнува поени, туку и да создава простор за соиграчите“ – вели Џонсон. „Можеби треба да научи да го поврзува тоа во текот на целиот натпревар како што прават најдобрите кошаркари во лигата“ – потенцираше тренерот на Спарси.

Read More
NBA

Кошаркарот на Детроид, Џален Дурeн, уште не ја продолжил соработката со НБА тимот, велат последните информации од САД. Според инсајдерот, Марк Спирс, неколку екипи конкурираат за неговиот потпис. Тоа се Милвоки, Атланта, Сакраменто и Вашингтон. Не се исклучува можноста Дуран да биде разменет со Ентони Дејвис од Вашингтон.

Read More

Тенисерката од Соединетите Американски Држави, Аманда Анисимова, објави дека ја завршила сезоната поради повреда на зглобот на раката. Таа преку социјалните мрежи откри дека ќе има подолг процес на рехабилитација за целосно закрепнување. – Здраво на сите, ја завршувам сезоната. Доживеав уште една повреда на зглобот која морам да ја санирам. Време е за закрепнување и ресетирање – се гледаме во 2027 година, – напиша Анисимова на Инстаграм.

Read More

Екипата на Работнички која ќе влезе со големи амбиции во претстојната кошаркарска сезона, објави дека ангажирала нов играч под обрачите. – КК Работнички АД Скопје го претставува новото засилување, Џаксон Елингсворт. Американски крилен играч, висок 206 сантиметри, доаѓа од Арканзас Стејт и NCAA лигата. -Во сезоната 2025/26 одигра 32 натпревари и имаше просек од 9,7 поени и 4,8 скока, со 34,7% успешност во шутот за три поени“ – стои во објавата на тимот од Градски парк.

Read More

Македонските шаховски репрезентации денеска го завршија својот настап на Шаховската олимпијада во Узбекистан, а последниот натпреварувачки ден донесе победа за машката селекција над Јужна Африка (3:1) и женската селекција над Суринам (2,5:1,5). Организациските проблеми предизвикаа многу компликации за сите учесници, а тоа го потенцира и селекторот Трајко Недев, кој во својата прва анализа на Олимпијадата го истакна и одличниот пласман на нашите шахисти и покрај специфичните услови во Узбекистан. Како го оценувате настапот на македонската репрезентација на Олимпијадата? Пред сè, мора да се каже дека настапивме во исклучително тешки услови. Сместувањето беше далеку од она што би го очекувале за…

Read More

Младата репрезентација на Македонија до 21 година влегува во интензивен репрезентативен период. Во само осум дена, избраниците на новиот селектор Александар Таневски ќе одиграат три натпревари, од кои еден контролен и два во рамките на квалификацискиот циклус за Европското првенство. Серијата започнува на 28 септември со контролниот натпревар против селекцијата на Русија до 20 години, кој ќе се одигра во тренинг-центарот „Петар Милошевски“. Потоа следува квалификацискиот дуел со Црна Гора, на 1 октомври во Битола, додека четири дена подоцна Македонија ќе гостува кај Шведска во Фалкенберг. „Не очекуваат три натпревари и секој од нив ќе биде важен на свој начин.…

Read More
NBA

Бади Хил ќе ја продолжи кариерата во Чикаго откако Булси го испратија Роб Дилингем – избран во првата рунда на НБА-драфтот – во Шарлот Хорнетс. 33-годишниот ветеран претходно беше разменет од Атланта во Хорнетс – заедно со бекот Рајан Нембхард и парични средства – во замена за крилото, Доријан Фини-Смит. Што се однесува до Дилингем, тој во претходната година имаше просек од 9,6 поени, 3 скока и 2,8 асистенции.

Read More

Македонската фудбалска репрезентација по вчерашниот пораз на домашен терен од Швајцарија со 3-0, веќе во вторник ќе гостува кај Словенија во 2 коло во „Б“ сегментот во групата 1 во Лигата на Нации. Мечот на стадионот – „Стожице“ во Љубљана ќе го суди Италијанецот, Андреа Коломбо а ќе му помагаат Џовани Бачини и Валерио Колароси. Четврти судија ќе биде Матео Марчети додека во „ВАР“ собата ќе работата Мајкл Фабри и Федерико Ла Пена. Сите судии доаѓаат од Италија. Натпреварот меѓу Словенија и Македонија ќе започне во 20.45 часот. Паралелно ќе играат Шкотска и Швајцарија.

Read More

Возачот во Формула 1, Естебан Окон, вели дека сака да остане во така наречениот – „циркус на тркала“ иако неговата позиција во тимот на Хаас изгледа сè понеизвесна. „Сум се тркал против сите на гридот и секогаш сум бил рамноправен противник. Го имам освоено секое првенство во кое сум се натпреварувал. Победив на трки во Формула Рено. Освоив првенства во картинг. Ја освоив Формула 3“ – рече Французинот. „Имам победи во Формула 1. Можам да го направам тоа. Јас сум еден од најдобрите и не се плашам да го кажам тоа“ – рече Окон.

Read More

Бразилскиот фудбалски голман, Нето, денеска пристигна во Торино како слободен играч за да ги изврши задолжителните лекарските прегледи пред да го потпише договорот со Јувентус до крајот на сезоната, пренесуваат италијанските медиуми. 37-годишниот чувар на мрежата има играно за  „старата дама“  во периодот од 2015 до 2017 година. Тогаш забележа 22 меча на кои прими 15 гола. Тој  сега ќе ја има улогата на резерва на првиот голман на Јувентус, Гиљермо Викарио.

Read More