Author: dino

Дефанзивецот на фудбалскиот состав Аталанта, Џорџо Скалвини, го продолжи договорот со екипата од Бергамо до летото во 2031 година. „За мене, Аталанта е вистинско семејство. Навистина се чувствувам како дома. Секој чекор од мојот развој го направив со Аталанта – од дебито во Серија А и на европската сцена, па сè до репрезентацијата“ – рече фудбалерот. Тој игра во сениорскиот состав од 2021 година и досега има 144 натпревари со ефект од осум голови и шест асистенции.

Read More

Селекторот на Англија, Томас Тухел, по поразот од Шпанија на домашен терен во Лигата на Нации вели дека неговите фудбалери направиле премногу индивидуални грешки. „Имавме ужасен почеток, најлош можен и тоа ги направи работите многу тешки. Реакцијата беше многу добра и по десеттата минута мислам дека бевме подобриот тим“ – изјави Тухел. „Направивме две или три големи грешки и му дозволивме на противникот да создаде големи шанси. За жал, не го реализиравме пеналот а тоа можеби беше одлучувачкиот момент“ – беа зборовите на Тухел.

Read More

Македонската фудбалска репрезентација со пораз го започна учеството во „Б“ сегментот во групата -1 во Лигата на Нации.На Арената во Скопје пред повеќе од 16.000 гледачи загубивме од селекцијата на Швајцарија со убедливи 3-0. Два гола за гостите постигна Амдуни а еден Фројлер. Во вториот меч во групата Словенија и Шкотска одиграа 0:0.Македонија во второто коло на 29 септември ќе гостува кај Словенија додека Швајцарија ќе се појави на теренот на Шкотска.

Read More

Кошаркарите на МЗТ Скопје во драматична завршница го совладаа Куманово со 70-68 и го освоија Супер Купот – „Драган Василов – Цевка“.Во салата во Куманово гледавме атрактивна кошарка во која „штрковите“ беа повешти во последните минути и успеаја да дојдат до првиот сезонски трофеј.Во победничкиот тим се издвоија Фаракан со 20 и Војдан Стојановски со 16 кошеви додека кај Куманово најдобар беше Стајиќ со 16 и Гуден со 15 кошеви.

Read More

Македонската фудбалска репрезентација со денешниот меч против Швајцарија во Скопје влегува во новото издание во Лигата на Нации под капата на УЕФА. Тоа ќе биде прв меч за двете селекции во Групата 1 од „Б“ сегментот и воедно прва нивна пресметка во меѓународна конкуренција. Гостите кои беа дел од последниот Мундијал во текот на летото влегуваат како фаворит на хартија но, избраниците на Седлоски, најавија голема борба на теренот. Тие очекуваат и голема поддршка од трините на Арената во Скопје. Мечот кој ќе започне во 20.45 часот ќе го суди Шлагер од Германија.

Read More

Фудбалерот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, заработи повреда на вчерашниот меч во Турција. Напаѓачот на Франција откако го постигна голот за победа веднаш беше повлечен од игра. Станува збор за обновување на старата повреда на левото колено која му создаваше сериозни потешкотии и во претходната сезона. ​ Тој веднаш го напушти кампот на „триколорите“ и се врати во Мадрид. Таму деновиве ќе биде подложен на детални лекарски прегледи.  

Read More

Денеска во салата „Билјанини извори“ во Охрид за прв пат беше реализиран – „ЖЕНСКИ РАКОМЕТЕН ФОРУМ” во организација на Ракометната федерација на Македониј. На истиот беа присутни: нашата Индира Кастратовиќ, Андреа Лекиќ (Србија), Драгана Цвијиќ (Србија), Сузана Лазовиќ (Црна Гора) и Лидија Хорват (Хрватска). Тие добија благодарници и подароци од РФМ, кои им ги врачи генералниот секретар,  Влатко Тасевски. Панелистките зборуваа темите: „Мојот пат”, „Цената на успехот”, „Животот надвор од теренот”, „Балканот и женскиот ракомет” и „Поголема видливост на женскиот ракомет”.

Read More

Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, го освои првото место на трката во Формула 1 возена за Големата награда на Азербејџан. Второто на подиумот го пополни Холанѓанецот, Макс Верстапен од Ред Бул а третото Французинот, Исак Хаџар, исто така од Ред Бул. Понатаму, Шарл Леклер заврши како четврти, додека лидерот во шампионатот, Андреа Кими Антонели, заврши како петти. Бодови уште освоија и  Луис Хамилтон, Арвид Линдблад, Естебан Окон, Оливер Берман и Карлос Саинц. Сезоната ќе продолжи за една недела со Големата награда на Бахреин која ќе се одржи на патеката Сепанг во Малезија. На табелата, води Антонели со 302 бода пред…

Read More

Претседателот на Одбојкарската федерација на Македонија, Петар Јовановски, и генералниот секретар Филип Деспотовски учествуваат на 47. Генерално собрание на Европската одбојкарска конфедерација (ЦЕВ), кое се одржува во Милано, Италија. Јовановски претходно присуствуваше и на состанокот на Бордот на ЦЕВ, додека во текот на денот претставниците на македонската федерација ќе учествуваат и на состанокот на Балканската одбојкарска асоцијација (БВА). Програмата предвидува и работни средби со претставници на други национални федерации, со цел размена на искуства и разговори за актуелните прашања во европската одбојка. Делегацијата на ОФМ ќе ги следи и завршните натпревари од Европското првенство за мажи, вклучувајќи ги полуфиналето и…

Read More

ЕХФ го опомена Вардар поради инцидентот на натпреварот против Нант во ЛШ кога од трибините беа фрлени забранети предмети на теренот. Од клубот преку социјалните мрежи ги предупредија навивачите дека евентуално повторување на ваков прекршок може да донесе сериозни санкции од страна на ЕХФ.  -Со секоја лоша постапка се урива токму таа слика која сакаме и се обидуваме заедно да ја изградиме а покрај тоа клубот трпи и големи финансиски казни. Затоа да го бодриме клубот достоинствено и со почит кон противникот и сите присутни во салата“ – порачаа од таборот на „црвено-црните“.

Read More