Селекторот на Англија, Томас Тухел, по поразот од Шпанија на домашен терен во Лигата на Нации вели дека неговите фудбалери направиле премногу индивидуални грешки.
„Имавме ужасен почеток, најлош можен и тоа ги направи работите многу тешки. Реакцијата беше многу добра и по десеттата минута мислам дека бевме подобриот тим“ – изјави Тухел.
„Направивме две или три големи грешки и му дозволивме на противникот да создаде големи шанси. За жал, не го реализиравме пеналот а тоа можеби беше одлучувачкиот момент“ – беа зборовите на Тухел.

