Македонската фудбалска репрезентација со пораз го започна учеството во „Б“ сегментот во групата -1 во Лигата на Нации.
На Арената во Скопје пред повеќе од 16.000 гледачи загубивме од селекцијата на Швајцарија со убедливи 3-0. Два гола за гостите постигна Амдуни а еден Фројлер. Во вториот меч во групата Словенија и Шкотска одиграа 0:0.
Македонија во второто коло на 29 септември ќе гостува кај Словенија додека Швајцарија ќе се појави на теренот на Шкотска.

