Дефанзивецот на фудбалскиот состав Аталанта, Џорџо Скалвини, го продолжи договорот со екипата од Бергамо до летото во 2031 година.
„За мене, Аталанта е вистинско семејство. Навистина се чувствувам како дома. Секој чекор од мојот развој го направив со Аталанта – од дебито во Серија А и на европската сцена, па сè до репрезентацијата“ – рече фудбалерот.
Тој игра во сениорскиот состав од 2021 година и досега има 144 натпревари со ефект од осум голови и шест асистенции.

