Author: dino

На 4 октомври, илјадници учесници ќе бидат дел од Виз Ер Скопскиот маратон, а преку иницијативата „Видео секунди за мотивација“, нивните најблиски можат да станат дел од трката на поинаков начин. Тие можат да снимат кратка видео порака во траење од само 7 секунди, со која ќе испратат охрабрување, поддршка и мотивација до својот близок. Пораката ќе биде прикажана на голем видео-бим на патеката кога учесникот ќе пристигне до Мотивациската Видео Зона.За полумаратонците, тоа ќе биде на 18-тиот километар, додека за маратонците видео пораките ќе се прикажуваат на 39-тиот километар. Снимете порака и испратете видео на следниот линк: https://services.tagtiming.mk/mk/v/wizz-air-skopje-marathon-2026

Read More

Ракометната федерација на Македонија деновиве го организира новото издание на турнирот „Трофеј Македонија“ во женска конкуренција на кој ќе учествуваат Македонија, Хрватска, Црна Гора и Србија. Организаторот и селекторите на сите учесници денеска одржаа прес-конференција во Охрид а новиот македонски селектор, Игор Марковиќ, истакна дека негова главна цел е да ја забрза играта на најдобрите македонски ракометарки. „Имавме неколку тренинзи со девојките, натпреварите на турнирот ќе ги искористиме да се запознаеме подобро, а шанса ќе добијат сите кои се повикани во репрезентацијата. Моја цел и желба е да играме брз ракомет. Немаме височина за 6-0 одбрана, ќе треба да играме…

Read More

Германецот, Даниел Шлагер, ќе го суди саботниот меч Македонија-Швајцарија во Б сегментот група -1 во новото издание на Лигата на Нации. 36-годишникот пред две години ни судеше на мечот со Фарски Осторови а беше и четврти судија во мартовската пресметка што ја имавме со Данска во Копенхаген во плеј-офот за Мундијалот. Негови помошници на Арената во Скопје ќе му бидат сонародниците: Свен Вашицки, Тобијас Фрич и Робин Браун. Судии од Германија ќе бидат активни и во ВАР собата.

Read More

Полуфиналните натпревари на XXII Меморијален турнир „Оливер Соколов – Сокол“ донесоа многу возбуда, борбеност и квалитетен фудбал а по двете интересни пресметки познати се екипите што ќе играат за трофејот. Во првото полуфинале, Руди Компани обезбеди пласман во големото финале откако славеше со 3:1 против Кеги Моби СК 77777. Во вториот полуфинален дуел, по голема борба и неизвесен меч, Мега Лифтови и Јувентус БС Скеле одиграа 1:1 во регуларниот дел, по што Мега Лифтови беше поуспешна по пенал рулетот и победи со 4:3. Со тоа, финалната пресметка ќе им припадне на Руди Компани и Мега Лифтови, две екипи кои со…

Read More

Екипата на Јувентус во јануари може да испрати понуда за Рајан Аит-Нури бидејќи фудбалерот не успева да се наметне за првата постава во Манчестер Сити. Дефанзивецот имаше понуда и во текот на летото да замине во Милан, но, одлучи да остане на „Етихад“. Тој во сезонава успеа да запише три асистенции.„Газета дело Спорт“, објави дека Јувентус стапил во контакт претставниците на алжирскиот репрезентативец.

Read More

Легендарниот, Пол Сколс, вели дека ветеранот, Џордан Хендерсон, не смееше да биде во првата постава на Челзи на мечот со Брентфорд и дека требал да добие само мала минутажа на теренот. „Никогаш не очекував дека ќе биде стартер во натпревар од Премиер лигата. На таа возраст мора да бидеш машина. Мора да бидеш атлетски настроен“ вели Сколс. „Тој го знае тоа. Ќе помисли: „Навистина не требаше да бидам стартер“ – порача англиската легенда.

Read More

Легендата на Манчестер Јунајтед, Ерик Кантона, изјави дека никогаш не би му се приклучил на клубот доколку актуелниот косопственик Сер Џим Ретклиф бил на чело. Бизнисменто деновиве предизвика нови контроверзии откако за Би-би-си изјави дека во Обединетото Кралство „никој не е доволно цврст за да се справи со проблемот со имиграцијата“. „Фудбалот е изграден врз тоа – сите најголеми играчи доаѓаат од различни бранови на имиграција“, рече Кантона кој се пресели на „Олд Трафорд“во 1992 година и освои четири титули во Премиер лигата.

Read More

Напаѓачот на Њујорк Ренџерс, Адам Сикора, ќе отсуствува од теренот најмалку од четири до пет месеци поради повреда на ногата, соопшти клубот од НХЛ. Дваесет и двегодишниот Словак се повреди на првиот подготвителен натпревар со Њу Џерси Девилс. Тој беше турнат во заштитната ограда и мораше да го напушти мразот со помош на соиграч. Минатата сезона, Сикора одигра само 11 натпревари за Ренџерс при што забележа три гола и една асистенција.

Read More

Португалскиот репрезентативец, Жоао Феликс, кој е член на Ал-Наср, вели дека играчот на Барселона, Ламине Јамал, треба да ја добие „Златната топка“. Фудбалерот кој настапуваше за Атлетико, Челзи, Барселона и Милан, не сакаше да го коментира неговото отсуство од листата на номинираните за престижната награда. „Тоа се работи надвор од моја контрола. Луѓето имаат тенденција да ја потценуваат саудиската лига, секако, таа не е меѓу првите пет но, е добра. Можеби, ако стигнев далеку на Светското првенство, ќе бев на списокот, кој знае?“ – рече Феликс.

Read More

Реал Мадрид се насочи кон младата ѕвезда на Баерн Минхен, Ленарт Карл, кој имаше импресивна сезона. 18-годишниот офанзивен фудбалер за врска одигра 40 натпревари за Баварците со ефект од 9 голови и осум асистенции. Тој прв пат доби повик да настапи за Германија на Мундијалот во САД, Канада и Мексико но, поради повреда не успеа да дебитира за „панцирите“.

Read More