Author: dino

Во пресрет на стартот на новата сезона во Лигата на Нации и четирите мечеви во краток период, нашиот фудбалер, Агон Елези, вели дека фокусот е насочен само кон Швајцарија.„Прво, огромно е задоволство и привилегија повторно да се биде дел од репрезентацијата. Вистина е дека не очекуваат четири многу тешки натпревари но, сега за нас постои само еден, тој в сабота против Швајцарија. Сите ги знаеме нивните квалитети и ние мораме да се фокусираме да не правиме грешки, затоа што секоја наша грешка може многу да не чини“ – вели Елези. „Швајцарија покажа на Мундијалот дека е во сериозна форма и…

Read More

МЗТ Скопје во новата сезона ќе влезе со уште еден спонзор. Станува збор за „АЛТА БАНКА“ која има континуитет со вложување во кошарката. Претседателот на Управниот одбор на МЗТ Скопје, Никола Трајчевски, не го криеше задоволството од новиот спонзорски договор. „Радува фактот што компанија која има идентитет во кошарката на регионално ниво ја препозна амбициозноста на МЗТ Скопје. Очекуваме соработката да биде на подолг период. Нашите амбиции се да влеземе во АБА лигата и секако да се претставиме добро и во ФИБА Купот“ – рече Трајчевски. „Алта Банка се развива и гради силно присуство во македонското општество, сакаме да биде…

Read More

Десниот бек, Педро Поро, поради повреда, нема да биде дел од репрезентацијата на Шпанија на стартот на Лигата на нации.Селекторот, Де ла Фуенте на негово место го повика младиот Иван Фреснеда од Спортинг Лисабон. Поро беше принудно заменет на саботниот натпревар меѓу Тотенхем и Астон Вила. „Фуријата“ ја очекуваат мечеви против Англија на 26 септември и три дена подоцна против Хрватска во Севилја. Потоа, ќе бидат домаќини на Чешка а на 6 октомври повторно ќе играат против „коцкестите“ во Сплит.

Read More

Обвинителството во Франција води истрага против Претседателот на Пари Сен Жермен, Насер Ел-Келаифи, поради наводен незаконски судир на интереси поврзан со правата за емитување на натпреварите од Лига 1. Истрагата се однесува на преговорите за правата за емитување на Лига 1 и на улогите на Eл-Келаифи како претседател на ПСЖ и претседател на управниот одбор на „beIN Media Group“. Од компанијата наведуваат декла прелиминарна истрага не значи дека има одредени нерегуларности.

Read More

Техничкиот комитет на судиите во Шпанија потенцираше неколку грешки на главниот судија, Мигел Анхел Ортиз Ариас, на натпреварот од 7-тото коло од Ла Лига меѓу Атлетико и Реал Мадрид. Организацијата верува дека играчот од средниот ред на Атлетико, Ли Канг-ин, требало да добие црвен картон за прекршок врз Федерико Валверде. Во исто време, CTA оцени дека Ортиз не успеал да донесе правилна одлука во ниту еден од трите најконтроверзни моменти од натпреварот.

Read More

Манчестер Јунајтед освои само бод на гостувањето кај Фулам во меч од петтото коло во Премиер лигата на Англија. Тимот од „Олд Трафорд“ има само пет бодови во воведните кола но, тренерот, Мајкл Карик, вели дека не е загрижен бидејќи сезоната е во самиот почеток. „Мораме напорно да работиме и да продолжиме на вистинскиот начин за да се вратиме во игра“ – рече Карик.

Read More

Манчестер Сити вчера во крајно ефикасен меч успеа да го совлада Сандерленд со 5-3 а тренерот на домаќините, Енцо Мареска,  вели дека играчите се обидуваат да научат како да напредуваат. „Мора да научите да се подобрувате. Денов не беше исклучок но, најдовме начин да го добиеме мечот. Задоволен сум од настапот“ – вели Мареска. Неговите избраници по пет мечеви имаат максимален ефект и го држат првото место на табелата во елитната конкуренција на Англија.

Read More

Тренерот на фудбалерите на Милан, Рубен Аморим, не го криеше задоволството од победата против Лече со 3-0 во меч од најсилниот шампионат на Италија. „Имавме контрола на мечот. Знаевме дека противникот чека да направиме грешка но, се браневме многу добро и ја заслуживме победата“ – вели Португалецот. „Не сакам да ја направам грешката од Манчестер. Менаџерот, особено во голем клуб, секогаш ги слуша играчите, ги набљудува и се обидува да ги разбере“ – вели Аморим.

Read More

Фудбалерите на Аталанта вчера загубија кај Јувентус со 2-0 во Калчо-лигата а нивниот тренер, Маурицио Сари, вели дека неговите избраници морале да покажат поголема желба за победа. „Бевме во игра сè до вториот гол по што ја изгубивме кохезијата и формацијата. Во текот на 65 минути, натпреварот беше прилично израмнет“ – вели Сари. „Мислам дека мојот тим напредува и технички и тактички но, сè уште заостанува во поглед на храброста, ентузијазмот и преземањето иницијатива“ – беа дел од зборовите на тренерот на екипата од Бергамо.

Read More
NBA

Според инсајдерот, Марк Штајн, одредени тимови во НБА биле заинтересирани за ѕвездениот поентер, Кавај Ленард, кој сепак се определи да замине во екипата на Торонто. „Тој и покрај вниманието од екипи како Мајами, Минесота и Далас, јасно стави до знаење дека ќе потпише продолжување на договорот само со Репторси или Спарси“- напиша Штајн. Ленард во претходната сезона имаше просек од 27,9 поени, 6,4 скока и 3,6 асистенции.

Read More