Author: dino

Ракометарите на Вардар утре во СЦ Јане Сандански од 18.45 часот ќе му бидат домаќини на францускиот Нант во второто коло од групната фаза во Лигата на шампионите. Тренерот на Вардарци, Иван Чупиќ, верува во успех со поддршка на фановите. „За Нант можам да кажам само убави зборови. Сигурно дека имаме желби да стигнеме до првата победа. Сакам да видам вистинска конекција меѓу нашите навивачи и ракометарите. Утрешна победа ќе ни биде ветер в грб за наредните мечеви“ – изјави Чупиќ.  „Црвено-црните“ во првата рунда загубија на теренот на германскиот Мелсунген додека Нант славеше дома против полскиот состав, Висла Плоцк.

Read More

УЕФА ги одреди домаќини на финалните мечеви во Лигата на шампионите и на Лига Европа во сезоните 2027/28 и 2028/29. Решавачкиот меч за пехарот во елитата на Европа во 2028 ќе биде на стадионот во Минхен (Германија) а наредната година на „Камп Ноу“ во Барселона (Шпанија). Финалето на Лига Европа во 2028 ќе се одигра во романскиот град – Букурешт додека во 2029 година ќе биде во Белград. Одлуката е донесена на седницата на Извршниот комитет на УЕФА во Солун.

Read More

Македонските одбојкари денеска ги чека мечот со Португалија кој може да ги задржи на патот до елиминациската фаза на Европското првенство. Во арената во Софија од 15.00 часот, ќе излеземе на мегдан со составот од Пиринеите во првиот од двата клучни меча за освојување на 4 место во групата „Б“ откако Бугарија, Полска и Украина, ги обезбедија првите три и сигурно патуваат во наредната фаза. Доколку денеска ги совладаме Португалците, утре во истиот термин ќе ја имаме решавачката битка со Израел за исполнување на посакуваната цел.

Read More

Мет Донахју и неговиот помошник Блејк Антробус, кои беа задолжени за „VAR“ на градското дерби во Манчестер меѓу Јунајтед и Сити, се суспендирани најмалку до репрезентативната пауза. Тоа значи дека ќе ги пропуштат натпреварите од петтото коло во претстојниот викенд. Tие би можеле да се соочат I со дополнителни дисциплински мерки. Покрај тоа, двајцата нема да биде делегирано за натпреварите на Манчестер Јунајтед во подолг временски период. Причина за суспензијата е признатиот гол на Халанд кој им донесе победа на „граѓаните“ иако во спорниот момент имаше недозволена офсајд систуација.

Read More

Стратегот на клупата на Рома, Џан Пјеро Гасперини, имаше само пофални зборови за фудбалерите по вчерашната победа на тешкото гостување кај Торино. „Прекрасно е за навивачите и за сите што го сакаат фудбалот да гледаат шампиони како Мален и Дибала како соработуваат и создаваат шанси“- вели искусниот стратег. „Имаме неколку денови да се подготвиме за натпреварот против Интер. Минатата сезона, разликата меѓу двата тима беше значителна“ – рече Гасперини.

Read More

Тренерот на фудбалерите на Комо, Цеск Фабрегас, се насочи кон вчерашната победат против Парма во меч од Серија „А“. „Неколку играчи беа исцрпени по натпреварот во Лигата на шампионите против РБ Лајпциг, па направивме измени. Многу сум задоволен од тоа како реагираа играчите што влегоа од клупата“ – потенцираше Фабрегас.„Победата е исклучително вредна за мене како тренер бидејќи започнувам да го гледам потенцијалот на овој состав“ – вели Шпанецот.

Read More
NBA

Кошаркарот, Џон Кончар, влегува на радарот на Мајами, Њујорк, Орландо и Торонто, објави Марк Штајн кој одлично ги познава работите во најсилната светска конкуренција – НБА лигата. „Кончар е еден од најдобрите слободни агенти на располагање а клубовите од лигата се заинтересирани за него“ – рече Штајн. 30-годишниот играч во претходната сезона настапуваше за Јута со просек од 5,9 поени, 5,7 скока, 3 асистенции, 2 украдени топки и 1 блокада.

Read More
NBA

Стив Кер, тренерот на кошаркарите на Голден Стејт, се надева дека Калифорнија ќе може да додаде „помлади играчи“ во составот иако таквата идеја некогаш тешко се спроведува.   „Бев генерален менаџер и знам дека не можете магично да кажете: Добро, ќе го подмладиме тимот.Треба да имате средства или простор за да правите одредени работи“ – вели Кер. „Ќе мора да се потпреме на целиот состав, вклучувајќи ги и играчите со двонасочни договори. Mногу сум задоволен од момците што ги имаме“ – вели тренерот на „Воините“.

Read More

Напаѓачот на ПСЖ, Дембеле, е разочаран од изјавите на неговиот репрезентативен колега, Килијан Мбапе, кој истакна дека дури по неговото заминување од Париз, Дембеле се наметнал во тимот. „Дембеле и неговиот најблизок круг многу тешко ги примија зборовите на Килијан, тие се бесни. Тоа го доживуваат како еден вид предавство“, откри поранешниот француски репрезентативец и актуелен новинар Жером Ротен. Изјавата на Мбапе предизвика остри критики и од новинарите и од поранешните француски репрезентативци.

Read More

Голманот на Јувентус, Викарио, не крие дека е крајно изнервиран по вчерашниот пораз на теренот на Сасуло со 3-2 во меч од Серија „А“. „Постои голема горчина бидејќи ние сме Јувентус и наша обврска е секогаш да се стремиме кон победа но, ја изгубивме рамнотежата“ – рече Викарио. „Јувентус не може да прими два вакви гола. Треба да бидеме посмирени и избалансирани бидејќи имаме тим полн со квалитет“ – вели чуварот на голот на „старата дама“ од Торино.

Read More