Author: dino

Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Хулијан Алварез, предвреме го напушти последниот тренинг на тимот. Медиумите на Пиринеите објабија дека аргентинскиот фудбалер се пожалил на повреда и затоа ќе биде подложен на медицински прегледи. Тоа значи дека напаѓачот нема да игра на денешниот меч со Реал Сосиедад во најсилната конкуренција на Шпанија. Алварез во текот на летото сакаше да замине во Барселона но, челниците на тимот не му дозволија.

Read More

Тренерот на Милан, Рубен Аморим, се осврна на вчерашното реми кај Лацио 2-2 во меч од Серија „А“. „Искрено, немаше енергија во првото полувреме, изгубивме толку многу поседи без никаков притисок. Премногу лесно минуваа покрај нашите одбранбени играчи“ – рече Аморим. „Успеавме да обезбедиме еден бод но, ако го погледнете натпреварот, не можете да играте само едно полувреме“ – истакна тренерот на „росонерите“.

Read More

Нашите најдобри одбојкари денеска ги очекува мечот против Полска во третото коло во групата „Б“ на Европското првенство во Бугарија. По стартните порази од дом и Украина, избраниците на селекторот, Јошко Миленковски, попладнево од 18.00 часот ќе се сретнат со првиот фаворит во групата, кој е воедно и кандидат за европски медал.По денешната средба, Македонија ќе има ден одмор а потоа во вторник и в среда ќе ги одигра решавачките мечеви си Израел и Португалија за пласман во втората фаза на ЕП.

Read More

Возачот во Формула 1, Ландо Норис, ќе стартува од пол-позицијата на утрешната трка за Големата награда на Шпанија која ќе се вози во Мадрид. Од првиот ред ќе започне и Андреа Кими Антонели од Мерцедес додека вториот е резервиран за Макс Ферстапен и Луис Хамилтон. Потоа доаѓаат Шарл Леклер, Џорџ Расел, Оскар Пјастри, Лиам Лосон, Франко Колапинто и Арвид Линдблад. Утрешната трка на Пиринеите во така наречениот – „циркус на тркала“, ќе започне во 15.00 часот.

Read More

Катерина Ацевска дојде до сребрен медал на Балканското џиу џицу првенство во Бања Лука, Босна и Херцеговина во У-21. Во финалната борба Ацевска загуби од Словенката Зала Миклавц со ипон, кој претходно ја победи во групната фаза. Во претходните два дена нашите натпреварувачи освоија четири медали – 2 златни и 2 бронзени. Златни медали освоија Ана Ацевска (У-10) и Данил Николиски (У-21) а бронзи Дамјан Белевски и Јован Шишков (У-10).

Read More

Американскиот тенисер, Френсис Тиафо, кој не успеа да влезе во финалето на Отвореното првенство на САД, вели дека е задоволен од постигнатото. Тој во полуфиналето загуби од сонародникот, Бен Шелтон. „Мечот беше тежок. Знаете, изминатите неколку недели беа одлични но, не успеавме да ја завршиме работата до крај“ – потенцираше Тиафо.„Разочаран сум но, во исто време сум многу горд на себе на тоа што го постигнав“ – рече Таифо кој од понеделник ќе се врати во Топ 10 на АТП листата и тоа на осмото место.

Read More

Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, вели дека мора да се напрват одредени промени во болидот за трката во Шпанија.   Британецот беше најбрз на првиот петочен тренинг но, не успеа да го следи темпото на тимскиот колега, Андреа Кими Антонели – кој беше најдобар во второто слободно возење. „Добро започнавме на првиот тренинг и болидот беше силен уште од почетокот. Направивме одредени промени во подесувањето за вториот тренинг но, не сум сигурен дека тие го подобрија возењето, можеби ќе се вратиме на претходните поставки“ – изјави Расел.

Read More

Челниците на Барселона сакаат да му го продолжат договорот на фудбалерот, Рафиња, кој одлично ја започна новата сезона во сите конкуренции. Според одредени информации, Каталонскиот гигант ги направил првите разговори со репрезентативецот на Бразил кој има тековна соработка до летото во 2028 година. Шпанскиот тим сака да ја продолжи истата најмалку до 2029 години и плус за уште една сезона. Рафиња досега одигра 182 натпревари со ефект од 83 голови и 60 асистенции.

Read More

Франко Мастантуно кој се пресели во Фиорентина како позајмен од Реал Мадрид, постигна хет-трик на гостувањето во Венеција со што стана најмлад играч со таков ефект во историјата на Виолетовите. Тој го урна рекордот на легендата, Лео Меси, како најмлад Аргентинец што стигнал до хет-трик во Топ 5 европските лиги. Мастантуоно го стори тоа на 19 години и 28 дена, уривајќи го рекордот на Меси од 19 години и 259 дена.

Read More

Турскиот портал „НТВ Спор“, повикувајќи се на информации од телевизијата „Беин Спортс“, ја објави вест која предизвика големо внимание во Истанбул. Наводно, прва желба на Фенербахче е е познатиот италијански стратег, Антонио Конте, кој работеше во Јувентус, Челзи, Интер и Наполи. Турскиот гигант по оставката на Исмаил Картал, Fenerвремено го презеде неговиот помошник, Дирк Кајт.

Read More