Author: dino

Судиската организација во Премиер – лигата призна дека арбитрите погрешиле во проценката на спорната ситуација при голот за победа на Манчестер Сити против Манчестер Јунајтед. Првично, на теренот беше досуден офсајд но, ВАР утврди дека Халанд се наоѓал во дозволена позиција. Во истата ситуација било утврдено дека Енцо Фернандез не ја допрел топката поради што проценката за офсајд станала прашање на субјективна одлука. „Судиската организација потврдува грешка во проценката кај голот на Халанд и за тоа го информираше Манчестер Јунајтед“ – стои во официјалното соопштение.

Read More

Централниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, Лисандро Мартинез, не го криеше револтот поради судиската одлука што го реши градското дерби против Манчестер Сити. Аргентинскиот репрезентативец откри дека во соблекувалната на „Црвените ѓаволи“ владее чувство на целосна неправда бидејќи победничкиот гол на Ерлинг Халанд беше признат и покрај значителното влијание на Енцо Фернандез кој се наоѓаше во офсајд позиција. „Начинот на кој беше постигнат тој гол нè исполнува со гнев и чувство на беспомошност“ – рече играчот на Јунајтед.

Read More
NBA

Кошаркарот, Мичел Робинсон, се надева дека ќе ја има најдобрата сезона во последниве години откако во текот на летото му се приклучи на составот на Бостон. „Во моментов сум неверојатно самоуверен. Мислам дека годинава ќе биде одлична за мене“ – рече Робинсон кој полека ја надмина повредата. 28-годишниот центар потпиша договор за три сезони со Селтикс вреден 47,4 милиони долари.

Read More
NBA

Сопственикот на Лос Анџелес Клиперс, Стив Балмер, се откажа од обидот да ја тужи НБА откако неговиот тим заработи ригорозна казна поради прекршување на правилата за плати. „Ова беше многу тежок период за сите поврзани со Клиперси и искрено жалам за тоа. Сакам да им се извинам на нашите навивачи, вработените и моите колеги“ – рече Балмер. „Како мнозински сопственик на клубот, ја преземам одговорноста. Ја информиравме НБА дека ги прифаќаме казните“ – напиша Балмер на социјалните мрежи.

Read More

Германскиот тенисер, Александар Зверев, го подигна шампионскиот пехар на Отвореното првенство на САД. Тој во текот на ноќта во финалето го совлада домашниот претставник, Бен Шелтон со 3:1 по сетови (6:3, 7:6, 5:7, 6:2). Во меч кој траеше три часа и 35 минути, победникот на годинашниов – „Ролан Гарос“ успеа да го издржи притисок и да дојде до втората грен-слем титула во кариерата.

Read More

Тренерот на фудбалерите на Баерн Минхен, Винсент Компани, се осврна на тешката победа на теренот на Елверсберг. „Се соочивме со тежок противник и затоа сме задоволни од трите бода. Главниот проблем во последниве неколку натпревари останува нашата неефикасност“ – вели Компани. „Едноставно, не бевме на потребното ниво. Сепак, добро е што победуваме и кога играме лошо“ – вели тренерот на Баварците.

Read More

Нашите најдобри одбојкари го претрпеа и третиот пораз во групата „Б“ на континенталниот шампионат.Тие денеска во Софија очекувано загубија од европскиот шампион Полска со максимални 3-0 по сетови 25-19, 25-16 и 25 -13.Македонија до крајот ќе игра со Португалија и Израел и со евентуални две победи ќе има реална шанса да си обезбеди место во наредната фаза на Европското првенство.

Read More

Кими Антонели ја освои трката за Големата награда на Шпанија која денеска се возеше на новата патека – „Мадринг“.   Италијанецот во болидот на Мерцедес беше побрз од Макс Верстапен и Ландо Норис кои исто така се искачија на пиедесталот. Бодови освоија и Шарл Леклер, Џорџ Расел, Лиам Лосон, Франко Колапинто, Оскар Пјастри, Арвид Линдблад и Нико Хулкенберг. На таблета, Антонели е лидер со 292 бодови пред Расел со 211 и Хамилтон со 191. Кај конструкторите води Мерцедес со 503 бодови пред Ферари со 358 и Мекларен со 306. Наредната трка во Формула 1 ќе биде возена на 26 септември…

Read More

Жозе Мурињо, изјави дека неговиот Реал Мадрид сосема заслужено славеше убедлива победа од 4–1 против Рајо Валјекано во меч од Ла Лига. „Практично го решивме исходот уште во првото полувреме што не е лесно со оглед на тоа што игравме во Лигата на шампионите пред само три дена“ – вели Специјалниот. „Постигнуваме многу голови но, пропуштаме и огромен број шанси. Не сме тим што долго ја задржува топката пред да шутира“ – вели тренерот на „кралевите“

Read More

Прославениот кошаркарски тренер, Еторе Месина, наскоро би можел да се врати во НБА-лигата. Тој треба да стане технички консултант на Атланта и да му се приклучи на стручниот штаб на Квин Снајдер. Италијанецот има работено во Лос Анџелес Лејкерс и Сан Антонио Спарс.  Според најавите, тој треба да биде и телевизиски аналитичар за „Скај“.

Read More