Прославениот кошаркарски тренер, Еторе Месина, наскоро би можел да се врати во НБА-лигата.
Тој треба да стане технички консултант на Атланта и да му се приклучи на стручниот штаб на Квин Снајдер.
Италијанецот има работено во Лос Анџелес Лејкерс и Сан Антонио Спарс. Според најавите, тој треба да биде и телевизиски аналитичар за „Скај“.

