Author: dino

Во раните утрински часови во сообраќајна несреќа, животот го загуби младиот фудбалер Даниел Николовски (21). Тој бил дел од младинските категории на Тетекс а љубовта кон клубот ја продолжил и во сениорскиот тим. Од ФК Тетекс со длабока болка се простија од Даниел и упатиja најдлабоко сочувство до семејството, најблиските и сите кои го познаваа.

Read More

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ја информира јавноста дека Судот за спортска арбитража (CAS) во Лозана во целост ги отфрли жалбите поднесени од ФК Гостивар и Енес Уста и ги потврди одлуките донесени од надлежните органи на ФФМ. Случајот се однесува на санкциите изречени по натпреварот ФК Гостивар – ФК Работнички (29. коло, 1 МФЛ, натпреварувачка сезона 2024/2025), поради организациски пропусти, присуство на неовластени лица во службените простории, како и поради напуштањето на теренот од страна на екипата на ФК Гостивар. Во рамките на постапките пред органите на ФФМ, на клубот му беа изречени соодветни дисциплински санкции, вклучително и одземање…

Read More

Претседателот на КК Работнички, Александар Стојкоски, најави дека клубот е подготвен да се врати на победничките патеки од минатото. „Им должиме голема благодарност на сите легенди кои биле дел од Работнички и освоија бројни трофеи. Свесни сме дека клубот мина малку потежок период, таа криза кулминираше минатата сезона кога наместо да се бори за трофеи, мораше да се бори за опстанок. Тоа беше јасен сигнал што значеше старт на еден процес – формирање на нова управа со јасна визија и цел како да се продолжи во иднина“ – истакна претседателот на УО на Работнички, Стојкоски. Извршниот директор на Работнички, Бранко…

Read More

Дарија Крстевска, која се натпреварува во дисциплината 5 километри, ќе има можност да се појави на Светското првенство во трчање на пат кое ќе се реализира на 19 и 20 септември во Копенхаген. За младата атлетичарка тоа е значаен чекор во кариерата и одлична можност да го покаже потенцијалот и тоа на едно големо натпреварување. Дарија на собирот во Данска ќе има шанса да стекне искуство и достоинствено да ја претстави нашава земја.

Read More

Со почетокот на новата учебна година започнува и шестата сезона на проектот -„Ракомет За Секое Дете“. Активностите ќе се реализираат на повеќе локации во Скопје и Велес и тоа за деца од 6 до 13 години. „Време е децата да се вратат на спортот, на дружењето и во салите. Нашата цел е ракометот да им биде достапен и интересен на што поголем број деца, без разлика дали еден ден ќе станат врвни спортисти или ракометот ќе остане дел од нивното детство.“ – вели Горан Ѓоргоноски, основач и координатор на проектот „Ракомет За Секое Дете“. Проектот започна во 2021 година и…

Read More

Напаѓачот на Баерн Минхен, Мајкл Олисе, го изрази задоволство од настапот на Баварците и победата против Бодо со 5:0 во Лигата на шампионите. „Мислам дека одигравме добро. Првото полувреме беше малку тешко; тие играа повлечено а просторот беше крајно ограничен“ – рече Олисе. „На полувремето, тренерот едноставно ни рече дека играта ќе се отвори и дека треба да ги искористиме шансите“ – беа зборовите на Французинот.

Read More
NBA

Кошаркарот, Џонатан Куминга, кој се пресели во редовите на Минесота, вели дека е среќен што ќе игра во истиот тим со центарот, Руди Гобер, кој е четирикратен добитник на наградата – „Мистер Лок“. „Ќе можам да бидам во елемент во одбраната, ќе можам да бидам агресивен бидејќи знам дека имам специјалист за блокирање на шутеви веднаш до мене. Тој го докажа тоа многу пати“ – вели Куминга. „Ќе учам од него, ќе го гледам како игра а тој ќе гледа како јас бранам. Мислам дека тоа ќе ни ги олесни работите и на двајцата“ – рече Куминга.

Read More
NBA

Откако НБА одреди ригорозна казна за Лос Анџелес Клиперс, првиот човек на клубот, Стив Балмер, најави дека ќе возврати со тужба. Тоа го потврди неговиот адвокат, Дејвид Кели, кој наговести за серија тужби поврзани со ситуацијата и заштитата на угледот на бизнисменот. Клиперси би можеле да побараат правна заштита од постапките на НБА кои вклучуваат суспензија на клучни раководители, голема казна од 30 милиони долари и губење на пет пика од драфтот.

Read More

Спортскиот директор на Барселона, Деко, објасни зошто Каталонците го купија Ентони Гордон и се откажаа од услугите на Маркус Рашфорд кој мораше да се врати во Манчестер Јунајтед откако му заврши позајмицата. „Ние сме му благодарни на Рашфорд. Тој придонесе многу во изминатата сезона но, нашата идеја за игра е многу повеќе поврзана со Ентони. Неговиот стил се вклопува со тоа што го бара тренерот“  – вели Деко. „Имаме јасна претстава што бараме. Една од областите во кои се мачевме минатата сезона, без Рафиња, беше тоа што енергијата на тимот опадна. Ни требаше поголем интензитет“ – рече функционерот на Каталонците.

Read More

Голгетерот на Бешикташ, Душан Влаховиќ, заработи суспензија од еден натпревар поради инцидентот со словачкиот дефанзивец, Милан Шкриниар, на дербито со Фенербахче, објавија медиумите во Турција. По прегледувањето на видео-снимките, дисциплинската комисија одлучи да го суспендира српскиот напаѓач за еден првенствен меч. Бешикташ веднаш поднесе жалба на одлуката со надеж дека истата може да биде преиначена во парична со што Влаховиќ би можел да настапи во наредното коло.

Read More