Напаѓачот на Баерн Минхен, Мајкл Олисе, го изрази задоволство од настапот на Баварците и победата против Бодо со 5:0 во Лигата на шампионите.
„Мислам дека одигравме добро. Првото полувреме беше малку тешко; тие играа повлечено а просторот беше крајно ограничен“ – рече Олисе.
„На полувремето, тренерот едноставно ни рече дека играта ќе се отвори и дека треба да ги искористиме шансите“ – беа зборовите на Французинот.

