Author: dino

Ракометната федерација на Македонија обезбеди спортска опрема за сите екипи што ќе настапуваат во Првата лига во машка и женска конкуренција. Истата на претставниците на клубовите им ја додели првиот човек на федерацијата Александар Стефанов. -Со оваа поддршка, Ракометната федерација на Македонија продолжува да инвестира во развојот на клубскиот ракомет и создавањето подобри услови за работа и натпреварување“ – објавија на социјалните мрежи од РФМ.

Read More

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука Александар Таневски да биде назначен за нов селектор на македонската репрезентација до 21 година. Таневски доаѓа од работата со младинските селекции на ФФМ и селекцијата до 20 години, одлично ја познава генерацијата фудбалери која треба да биде основа на новиот состав до 21 година. На последните два натпревари од актуелниот квалификациски циклус, новиот селектор ќе има можност да работи со дел од помладите фудбалери и постепено да го гради тимот за следниот квалификациски циклус. Дејан Јакимовски е биде избран за претседател на Судискиот одбор на ФФМ, наследувајќи го досегашниот претседател Емил Божиновски кој останува…

Read More

Македонската фудбалска репрезентација ќе го започне учеството во новото издание на Лигата на нации со домашниот натпревар против Швајцарија. Фудбалската федерација денеска ги објави деталите околу влезниците за мечот кој ќе се одигра на 26. Септември. Истите ќе се продаваат од 10. септември а цената се движи од 500 до 1800 денари додека eдна ВИП влезница е 3000 денари. Цените и достапните места по блокови ќе бидат детално прикажани на мапата на Националната арена „Тодор Проески“, преку официјалната платформа за електронска продажба на билети на ФФМ: eticket.ffm.mk

Read More

На 67-годишна возраст, во Загреб по кратко боледување, почина познатиот фудбалер, репрезентативец, тренер и долгогодишен инструктор на ХНС, Иван Гудељ. Тој е роден во Имотски на 21 април 1960 година, почнал да игра фудбал во Мрачај од Руновиќи, од каде што се преселил во Хајдук и станал еден од најомилените играчи на генерацијата што постигнала значајни резултати во Европа. Гудељ одигра 362 натпревари за Хајдук и постигна 93 гола, го освои првенството и два Купа а се појави 33 пати за југословенската репрезентација и постигна три гола. Во својата кратка тренерска кариера ги водеше Хајдук и Задар а работеше и…

Read More

Македонската судиска ракометна двојка, Димитар Митревски и Благојче Тодоровски, ќе бидат активни на стратот на Лигата на шампионите.Тие се делегирани да ја делат правдата на натпреварот меѓу хрватскиот состав Загреб и словенечкиот, Целје. Тоа е уште едно признание за нивниот квалитет на највисоко европско ниво. Митревски и Тодоровски беа дел од Европското во јануари како и на елиминациските дуели во ЛШ меѓу кои и пресметката Веспрем – ПСЖ.

Read More

Миодраг Божовиќ е новиот тренер на фудбалерите на Вардар. Црногорскиот стратег играше за Будуќност Подгорица, Црвена Ѕвезда, Пелита, АПОП, РКЦ Валвијк, Ависпа Фукуока и Розендал пред да влезе во тренерските води. Таму работеше во ФК Београд, јапонскиот Сапоро, Борац Чачак, АЕП Пафос, Хајдук Белград, Обилиќ, Амкар Перм, ФК Москва, Динамо Москва, Ростов, Локомотив Москва, Арсенал тула и Крилја Советов. Во еден перид беше тренер и на Нефчи Баку од Азербејџан и иранскиот гигант, Естеглал. Треба да се напомене дека во сезоната 2015/16 ја освои шампионската титула во Србија со „црвено-белите“ со историска серија од 24 последователни победи.

Read More

Италијанскиот фудбалски тим Комо го објави ангажманот на голманот Роберт Санчез на позајмица од англискиот состав Челзи. Договорот беше склучен на последниот ден од преодниот рок во Серија А. Тој му се приклучува на Комо на позајмица од една сезона без опција или обврска за откуп на неговиот договор. Ќе потсетиме дека Комо во текот на летово ги обезбеди: Мојс Кин, Самуел Ричи, Матија Либерали, Луис Мија, Јан Куто, Каики, Андрес Куенка и Вили Камбуала.

Read More
NBA

Поентерот, Дин Вејд, во дресот на Филаделфија ќе ја започне осмата сезона во кошаркарската НБА лига. Тој сега ќе биде во друштво на Џејлен Браун и Леброн Џејмс откако претходните седум години ги помина во Кливленд. „Одлично е да се види како другите го препознаваат твоето ниво и стандарди. Имам многу високо мислење за моите способности“ – рече Вејд. „Сакав да се преселам во тим со кој ќе можам да се борам за титулата Ова е речиси најдобриот состав во кој сум играл“ – потенцираше членот на Филаделфија.

Read More
NBA

Лидерот на Чикаго, Џош Гиди, ги оцени изгледите на ажурираниот тим во новата сезона во НБА лигата. „Не е тајна дека Источната конференција е многу силна но, имаме добар состав: ветерани, млади момци, играчи кои имаат искуство од плејофот. Задоволен сум од тоа што го имаме во соблекувалната“ – рече Гиди. „Сите сме тука за да стигнеме до плејофот. Навивачите го бараат тоа. Наша работа е да излегуваме на теренот и да им го даваме тој резултат секоја вечер“ – потенцираше Гиди.

Read More

Поранешниот напаѓач на репрезентацијата на „аѕурите“, Марио Балотели, ги посочи проблемите во италијанскиот фудбал. „Тие се многу едноставни. Кога бевме мали, игравме фудбал со часови. Кога шетам низ градови како Бреша, фудбалските терени во парковите се празни. Компјутерите, телефоните и „PlayStation“ конзолите уништија многу“ – рече Балотели.  „Денес, децата се залепени за телефоните. Тие мислат дека се Роналдињо затоа што ги гледаат неговите видеа а јас мислев дека сум Роналдо затоа што можев да ги правам истите движења во дворот. Сосема е различно“, изјави Балотели кој игра за Ал Итифак а претходно настапуваше за Џенова, Монца, Бреша, Марсеј, Ница, Ливерпул, Манчестер Сити, Милан…

Read More