Македонската судиска ракометна двојка, Димитар Митревски и Благојче Тодоровски, ќе бидат активни на стратот на Лигата на шампионите.
Тие се делегирани да ја делат правдата на натпреварот меѓу хрватскиот состав Загреб и словенечкиот, Целје. Тоа е уште едно признание за нивниот квалитет на највисоко европско ниво.
Митревски и Тодоровски беа дел од Европското во јануари како и на елиминациските дуели во ЛШ меѓу кои и пресметката Веспрем – ПСЖ.

