Македонската кикбокс репрезентација го заврши настапот на 31-от Светски кикбокс куп во Будимпешта со извонреден успех, освојувајќи четири златни и еден сребрен медал во огромна конкуренција од 2.011 натпреварувачи во 3.012 влеза од дури 47 земји. Златни медали и највисоко место на победничкиот подиум обезбедија Петре Велков, Андреј Смилевски и Калин Бабоски, кои забележаа сигурни победи во своите финални пресметки. Со златно одличје се закити и Туркер Исмаил во дисциплината кик лајт, кој до врвот стигна со беспрекорен учинок од четири победи во четири борби. Големиот успех на македонскиот тим го надополни Радослав Велески, кој успеа да го освои сребрениот…
Author: dino
Интернационалниот олимписки комитет објави дека ја следи состојбата со Полскиот олимписки комитет и дека е целосно посветен на заштита на олимпиското движење во земјата. Порталот – „Онет“, откри, дека полските спортисти може да бидат лишени од правото да учествуваат на Олимпијадите поради апсењето на шефот на Полскиот олимписки комитет, Радослав Пешевич доколку тој остане на функцијата.Првиот човек на полскиот олимпизам е уапсен на 27 август во Варшава откако обвинителите отворија кривична истрага против него и компанијата „Zondacrypto“, за измама и перење пари во вредност од 95 милиони долари.
Ливерпул продолжува да бара уште еден крилен напаѓач откако денеска се очекува да биде официјализиран трансферот на Бредли Баркола од ПСЖ. „Црвените“ сега се насочија кон играчот на Челзи, Естевао, кој во претходната сезона главно влегуваше од клупата но, постигна 8 голови и направи 4 асистенции во 36 натпревари. „Црвените“, според најавите, ќе се обидат да се договорат со Лондончани за бразилскиот талент кој е проценет на околу 80 милиони фунти.
Главниот тренер на Фулам, Алваро Арбелоа, ги коментираше поразите од Челзи 3-2 и од Сандерленд со 1-0. „Не ми се допадна играта на тимот. Дури и не се расправавме, не трчавме, нашето техничко ниво беше многу ниско. Едноставно не бевме на теренот.“ – рече Арбелоа. „Станува збор за карактер, став и амбиција. Не сме победиле во ниту еден дуел. Сакаме да бидеме конкурентни. Игравме под нашето ниво, треба да покажеме повеќе“ – изјави Арбелоа.
Омари Хачинсон од Нотингем Форест е блиску до трансфер во Милан. 22-годишниот напаѓач пристигна во Милано за да ги започне задолжителните медицински прегледи. Договорот меѓу двата клуба е структуриран како едногодишна позајмица во вредност од 4 милиони евра. Тој исто така, вклучува опција за откуп од 40 милиони евра, што би можело да стане задолжителна под одредени услови. Милан ќе ја покрие целата плата на играчот за периодот на позајмица.
Тренерот на фудбалерите на Комо, Цеск Фабрегас, вели дека неговиот тим заслужено славеше на гостувањето кај Наполи во меч од Серија „А“. „Успеавме добро да се поставиме во натпреварот. Бевме добри во првото полувреме а во второто видовме дека можеме да парираме“ – нагласи Шпанецот и се насочи кон летното засилување Луис Мила. „Мила е многу потценет во Шпанија. Има толку многу одлични играчи што понекогаш имаме тенденција да ги заборавиме другите, кои не се Педри или Родри. Сега е негово време да игра во Лигата на шампионите“ – нагласи Фабрегас.
Игор Стефановски – Иџе со новиот прототип на Формула го освои одличното трето место во генералниот пласман на трката во Илирска Бистрица, во рамките Европскиот шампионат на ридски патеки. Тој настапи во категоријата на болиди и прототипи и веднаш се соочи со најсилната европска конкуренција на 242 автомобилисти меѓу кои и искусни имиња како Кевин и Себастиен Пети, Хосеба Ираола Ланзагорта и Петр Трнка. „Трето место во генералниот пласман и тоа на моето деби со новиот прототип е резултат што навистина дава тежина на целата моја кариера. Покажавме дека имаме потенцијал и дека можеме да им се спротивставиме на најдобрите…
Возачот на Мекларен во Формула 1, Ландо Норис, вели дека неговиот болид сè уште има одредени слабости кои можат да влијаат на трката за титулата. „Немаме комплетно возило. Диминираме на отворено со голема брзина и тоа е областа во која најмногу го подобривме болидот“ – вели Британецот. Во генералниот пласман води младиот Италијанец, Кими Антонели од Мерцедес со 242 бода пред клупскиот колега, Џорџ Расел и Луси Хамилтон од Ферари со 183. Норис е на четвртото место со 159 бодови.
Кошаркарот на Портланд, Јанг Хансен, се осврна на коментарите дека наликува на Никола Јокиќ кој е еден од најдобрите центри во НБА конкуренцијата. „Прво, Јокиќ е мојот идол. Многу го почитувам и навистина ми се допаѓа начинот на кој игра“ – вели Хансен. „Мислам дека токму тоа навивачите сакаат да го видат од мене. Затоа ќе продолжам да работам напорно“ – рече 21-годишниот играч на Портланд.
Аргентинскиот тенисер, Маријано Навоне, ноќеска го победи Србинот, Новак Ѓоковиќ во првото коло на Отвореното првенство на САД. Toj пo 4 часа и 40 минути славеше со 3:2 – по сетови 7:6 (7:5), 5:7, 4:6, 6:2 и 6:1. Ѓоковиќ кој има 24 пехари од Грен Слем турнирите, се чувствуваше лошо за време на првиот сет и побара медицински тајм-аут. Тоа е прв пат по дваесет години Ѓоковиќ да биде елиминиран во првото коло на еден од четирите Грен Слем турнири.
